Македонија

Со нож нападнато 12 годишни дете среде Скопје

Момчето заврши во болница откако напаѓачот му нанел повреди и му го уништил велосипедот

Дванаесетгодишно момче од Скопје заврши во болница по напад што се случил вчера попладне во центарот на градот.

Според информациите пријавени во полиција, околу 15:50 часот, маж физички го нападнал малолетникот и со остар предмет му нанел расекотина, а потоа го оштетил и неговиот велосипед.

Повреденото дете било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му била укажана лекарска помош.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и идентификација на сите околности поврзани со нападот.

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top