Македонија

Со „шкода“ се качил на жардинера (ВИДЕО)

Ударот бил силен, при што предниот дел од автомобилот е целосно уништен

Необична сообраќајка се случи синоча во Скопје откако возач, со возило „шкода“ излетал од коловозот и „се качил“ на жардиниера .

Несреќата се случила во близина на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ .

Според првичните информации од местото на настанот, ударот бил силен, при што предниот дел од автомобилот е целосно уништен. Возилото има видливи деформации и сериозни материјални оштетувања, што укажува на директен и интензивен судир.

Повеќе на  ВИДЕОТО

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24 info (@24info.mk)

Најнови вести од: Македонија

Стопанската комора со план за економски развој на Зелениково и Чучер-Сандево, ќе има и нови инвестиции

Стопанската комора на Северна Македонија ќе им обезбеди поддршка на општините Зелениково и Чучер-Сандево за поттикнување на локалниот економски развој, подобрување на деловната клима и искористување на европските фондови. Меѓу приоритетите се развојот на руралниот и алтернативниот туризам, унапредувањето на инфраструктурата и формирањето заедничка бизнис-заедница.

(Фото+Видео): Мицкоски со „Дојче Телеком“ во Бон разговараше за можни инвестиции

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека разговорите со раководството на Германскиот Телеком во Германија биле насочени кон можностите за нов инвестициски циклус во Македонија, не само во телекомуникацискиот сектор, туку и во области со висока додадена вредност.

(Фото): Блокирани 104 веб-страници за нелегално онлајн коцкање

Во согласност со доставениот налог, посочува Министерството, АЕК е должна во рок од пет дена од неговото добивање да го проследи до операторите на електронски комуникациски мрежи. Операторите треба веднаш да постапат по налогот и да го ограничат пристапот до наведените веб-страници, со прикажување соодветно известување за причината за блокирањето.

To top