Македонија Бизнис

Собранието в среда ќе гласа за Трајко Славески да биде нов гувернер

Нов гувернер на Народната банка во македонското Собрание ќе се избира на седница на 28. мај. Кандидат за таа функција, како предлог на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, што е дел од процедурата, е актуелниот претседател на Советот на Град Скопје и поранешен министер за финансии, Трајко Славески, од ВМРО-ДПМНЕ. За да биде избран потребни се 61 […]

Нов гувернер на Народната банка во македонското Собрание ќе се избира на седница на 28. мај. Кандидат за таа функција, како предлог на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, што е дел од процедурата, е актуелниот претседател на Советот на Град Скопје и поранешен министер за финансии, Трајко Славески, од ВМРО-ДПМНЕ.

За да биде избран потребни се 61 глас „за“, а имајќи го во предвид актуелниот распоред на „силите“ во Собранието, тој најверојатно ќе биде избран и ќе дојде на местото на Анита Ангеловска Бежоска, чиј мандат заврши на 21. мај.

Гувернер во Собранието ќе се избира на 28. мај, кандидат е професорот Трајко Славески.

Гувернетот има мандат од седум години да биде прв човек на Народна банка.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top