Македонија

„Соѕиданите“ 350.000 евра не биле на судијата, туку на неговите родители (ВИДЕО)

Адвокатот Давидовиќ, Бранител на апелациониот судија Ѓоко Ристов, кој доби мерка куќен притвор, изјави дека истрагата за противправно стекнување и прикривање имот е правно проблематична и не може да се примени врз судија

Адвокатот Звонко Давидовиќ, бранител на апелациониот судија Ѓоко Ристов, кој доби мерка куќен притвор, изјави дека истрагата за противправно стекнување и прикривање имот е правно проблематична

Во изјава за ТВ24, Давидовиќ посочи дека законската одредба на која се повикува Обвинителството се однесува на одговорни или службени лица во јавни установи, јавни претпријатија или органи што управуваат со државен имот, но дека судот не спаѓа во таа категорија.

Според него, ваквата формулација не може да се применува ниту на судии, ниту на обвинители, што, како што рече, отвора сериозна правна дилема околу самата квалификација на делото.

Давидовиќ нагласи дека клучниот доказ што Обвинителството постојано го истакнува се 350 илјади евра пронајдени во домот на родителите на Ристов, но дека тие средства, па според записникот од претресот, биле пријавени како нивни лични пари.

„350 илјади евра, кои беа најдени кај неговите родители, кои на записникот, напишале дека се нивни лични средства, тоа го признава и обвинителката“, вели Давидовиќ

Најнови вести од: Македонија

Велигденска убавина во Бутел: Воскресението не е приказна, туку сила што не потсетува да не се откажеме дури и кога е најтешко (ВИДЕО)

Овој убав пример од Бутел покажува дека вистинската убавина на Велигден не доаѓа од црквата, туку од срцата на младите кои со љубов го слават најсветлиот христијански празник.

Обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

Остро и недвосмислено го осудуваме овој чин. Истовремено, повикуваме на јасна, гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. Само преку заедничка одговорност и будност можеме да обезбедиме ваквите појави никогаш повеќе да не се повторат

To top