Македонија

Сончево и топло време денеска

Сонце, мала облачност и слаб југоисточен ветер

Денеска во земјава ќе преовладува сончево време, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималните температури ќе се движат од 8 до 16 степени, а максималните ќе достигнат од 26 до 32 степени.

Во Скопје ќе се задржи сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13 степени, а максималната ќе достигне 31 степен.

До сабота ќе се задржи претежно стабилно време. Во недела и понеделник ќе има повремени врнежи од дожд и услови за нестабилност, со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер.

Од вторник, поради продор на постуден воздух од север, ќе има опаѓање на дневните температури.

Најнови вести од: Македонија

Јотова „не“ била информирана за доаѓањето на Ива Михаилова во Бугарија, изрази подготвеност да се сретне со неа

На прашањето дали знае како Михаилова ја напуштила Македонија и каква реакција очекува од властите во Скопје, Јотова одговори дека сè уште има прашања што треба да се разјаснат

To top