Македонија

Сообраќајка го затвори приодот кон Меѓународниот аеродром

Целиот сообраќај се пренасочува преку клучката Рафинерија кај Миладиновци, од каде возачите повторно треба да се вклучат кон аеродромот

Од ЈП „Македонија пат“ информираат дека  поради сообраќајка на главниот приод кон терминалната зграда на Меѓународниот аеродром Скопје, утрово од 06:06 часот во прекин е сообраќајот на автопатот Куманово – Велес, кај клучката „Меѓународен аеродром Скопје“, односно на исклучокот од Скопје кон аеродромот.

Поради тоа, целиот сообраќај се пренасочува преку клучката Рафинерија кај Миладиновци, од каде возачите повторно треба да се вклучат кон аеродромот.

На патниците кои денеска патуваат од Меѓународниот аеродром Скопје им се препорачува  да тргнат значително порано од планираното

Од ТАВ Македонија потврдуваат дека поради незгодата е изменет режимот на сообраќај кон терминалната зграда.

„Сите возила се пренасочуваат по алтернативен правец, а патниците и посетителите треба да го користат излезот што води кон стариот влез на аеродромот, односно кон старата аеродромска зграда“, информираат од аеродромскиот оператор.

Оттаму апелираат патниците внимателно да ги следат упатствата на надлежните служби и да предвидат дополнително време за пристигнување на аеродромот, сè до целосно нормализирање на сообраќајот.

Засега нема информации кога сообраќајот на главниот приод кон аеродромот повторно ќе биде пуштен во функција.

Најнови вести од: Македонија

Стопанската комора со план за економски развој на Зелениково и Чучер-Сандево, ќе има и нови инвестиции

Стопанската комора на Северна Македонија ќе им обезбеди поддршка на општините Зелениково и Чучер-Сандево за поттикнување на локалниот економски развој, подобрување на деловната клима и искористување на европските фондови. Меѓу приоритетите се развојот на руралниот и алтернативниот туризам, унапредувањето на инфраструктурата и формирањето заедничка бизнис-заедница.

(Фото+Видео): Мицкоски со „Дојче Телеком“ во Бон разговараше за можни инвестиции

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека разговорите со раководството на Германскиот Телеком во Германија биле насочени кон можностите за нов инвестициски циклус во Македонија, не само во телекомуникацискиот сектор, туку и во области со висока додадена вредност.

(Фото): Блокирани 104 веб-страници за нелегално онлајн коцкање

Во согласност со доставениот налог, посочува Министерството, АЕК е должна во рок од пет дена од неговото добивање да го проследи до операторите на електронски комуникациски мрежи. Операторите треба веднаш да постапат по налогот и да го ограничат пристапот до наведените веб-страници, со прикажување соодветно известување за причината за блокирањето.

To top