Македонија

Сопругата на Андреј од ДНК порачува: Не бараме сожалување туку правда

Кој не реагирал? Кои институции задоцнија? Кој ја имал должноста да спречи, а не спречил? Бараме посебна анкетна комисија затоа што имаме право сите на вистина

Сопруга на Андреј од ДНК, Наталија Ѓорѓиеска денеска на протестот „Марш за Ангелите“ порача дека тие не бараат сожалување, ниту пак сочувство, туку како што вели, тие бараат правда, вистина, фер постапка и гаранција дека ниту едно семејство нема да се разбуди во ноќта која тие ја преживеале.

„Бараме да покренете иницијатива за одржување надзорна расправа пред надлежната собраниска комисија, како и да формирате посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедијата бидејќи трагедијата не е бројка, туку живот. Трагедијата претставува сериозна навреда на најосновните човекови права – право на живот, безбедност и право на навремено и ефективно постапување на институциите во ситуација со закана на живот. Бараме да се утврди зошто институциите задоцнија, никој не треба да живее во мислата дека некој можел да биде спасен а не бил“, вели таа.

Наталија порача да се утврди вистината каде се случиле пропустите.

„Кој не реагирал? Кои институции задоцнија? Кој ја имал должноста да спречи, а не спречил? Бараме посебна анкетна комисија затоа што имаме право сите на вистина. Истражувањето што се водеше остана нецелосно, со многу отворени прашања без одговор и недоразјаснети околности. Ние семејствата останавме со сомнеж дека вистината овој пат е сокриена. Анкетната комисија е неопходно да го обезбеди следново: сите факти да излезат на виделина; проверка на постапување на сите институции од локално до централно ниво; да се утврди евентуална политичка или службена одговорност; да се подготват мерки коишто ќе спречат и и ќе гарантираат дека ваква трагедија никогаш повеќе никому нема да му се случи“, вели сопругата на Андреј од ДНК, Наталија.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top