Македонија

СОС Детско село инвестира во современи методи за подобрување на односот меѓу родителите и децата кои доживеале траума

СОС Детско село

Стручни лица од повеќе институции во Македонија кои работат со деца и родители/згрижувачи со предизвици во грижата како резултат на трауматски искуства во детството, како и професионалци од институциите одговорни за градење капацитети на стручните лица ги унапредија своите вештини и знаења за како поефективно да ги поддржат децата и семејствата.

На обуките за дијадна развојна психотерапија организирани од СОС Детско село кои завршија вчера, а предводени од една од водечките експертки во областа и клинички психолог, Ким Голдинг од Обединетото Кралство, учествуваа претставници на Центрите за поддршка на згрижувачки семејства на СОС Детско село во Скопје, Кавадарци и Струмица, на ЈУ Дом за деца „11 Октомври“ – Скопје, на ЈУ Дом за доенчиња и мали деца – Битола, како и од советувалиштата за родители и деца на СОС Детско село, и од Заводот за социјални дејности.

Со вклучување на професионалци од различни институции, СОС Детско село Македонија придонесува кон создавање усогласен и конзистентен пристап во работата со деца и семејства, вклучително и деца кои искусиле трауматски искуства и инвестира во современи пристапи и континуирано учење во заедницата. Тоа значи дека децата и семејствата ќе имаат можност да добијат поквалитетна, координирана и континуирана поддршка, без разлика низ кои системи и процеси поминуваат.

Пристапот кон деца со трауматски искуства бара современи, стручно засновани метододи и техники за грижа кои се фокусираат на односот, емоционалната сигурност и долгорочниот развој. Токму затоа, преку циклус обуки за Дијадна развојна психотерапија (ДДП) – основно ниво и ДДП родителство, се поставуваат основи за развој на заедничка „ДДП култура“ во поддршката на децата и семејствата. Преку практичен пристап, групна работа и размена на искуства, родителите и згрижувачите учат како да изградат сигурна приврзаност со детето и како да останат емоционално достапни дури и во предизвикувачки ситуации.

„Децата кои доживеале трауматски релации во раното детство имаат потреба од пристап кој директно ја адресира нивната внатрешна несигурност и недоверба. Дијадната развојна психотерапија се фокусира токму на односот и помага детето повторно да се почувствува безбедно“, вели Ким Голдинг, обучувачка и водечки експерт во областа на ДДП.

Обуките се реализираат во рамки на регионалниот проект „Право на семејство II“, чија цел е унапредување на системот за грижа за деца без родителска грижа преку развој на услуги во заедницата, јакнење на капацитетите на професионалците и поддршка на семејствата. Ова е особено значајно бидејќи децата со трауматски искуства често се движат низ повеќе институции, па усогласениот пристап е клучен за нивниот развој.

Овие активности се реализираат во значајна година за СОС Детско село Македонија, кога организацијата одбележува 25 години постоење, потврдувајќи ја својата континуирана посветеност кон обезбедување квалитетна грижа и поддршка за секое дете и семејство, преку вложување во знаење, стручност и развој на заедницата.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top