Македонија

СПМ: По апсењето на Анакиев институциита да постапуваат според закон

Социјалистичката партија на Македонија со реакција на апсењето на нејзиниот партиски потпретседател Васе Анакиев за обид за изнудување 50.000 евра мито.

Од партијата ја истакнаа определбата за чесно и одговорно работење на сите органи и институции во државата. „Оттаму нашите очекувања од новата демократска власт се во воспоставувањето на владеење на правото и на правната држава, но и во одговорноста во работењето на секој поединец или институција“, стои во соопштението на СПМ.

Истовремено Социјалистичката партија на Македонија жестоко реагира од нападното партиско етикетирање на актуелни случаи со сериозни обвиненија и тенденциозното објавување фотографии со кои се гази врз човековото достоинсво, а за што од одговорните е потребно издржано објаснување.

СП ги повикува надлежните институции да постапуваат според закон, одговорно и без селективност да ги превземаат сите активности во разоткривањето на било кој случај за кој постојат основани сомненија за сторен криминал или злоупотреба на службената должност. Почитувањето и примената на законот исклучува селективност или пристрасност и обезбедува праведност,, гласи коментарот на владејачката партија.

Директорот на државниот инспекторат за земјоделие синоќа е уапсен во полициска акција поради мито. Првичните неофицијални информации велат дека Анакиев, кој раководи со Инспекторатот од 2024 година, е фатен при примање поткуп од околу 50.000 евра.

Шеф на македонска институција вечерва уапсен за корупција

Најнови вести од: Македонија

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Судење за „Пулс“: Инспекторка утврдила нова фирма, но не направила нова контрола поради „немање влијание врз животната средина“

На денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше инспекторка за животна средина во Општина Кочани, која истакна дека во 2022 година утврдила оти објектот работи под друго правно лице, но не извршила повторен надзор бидејќи сметала дека станува збор за субјекти што немаат влијание врз животната средина

To top