Македонија

СПМ: Жестоко реагираме на самоволието на општинските власти во Тетово!

Социјалистичката партија на Македонија преку соопштение му порачува на градоначалникот на Тетово Билал Касами дека „треба да ги решава комуналните проблеми, а не да толкува историски периоди за кои не е компетентен“.

„Наместо да се посветат на подобрување на условите за нормално функционирање, барем во централното градско подрачје или на заштита на објектите кои имат длабоко историско значење за сите граѓани од сите етнички заедници во Тетово, сведоци сме на форсирање на возобновување на објект кој нема значење за вистинските потреби на граѓаните.“ – реагира Социјалистичката партија на Македонија во своето соопштение, кое го објави под наслов „СПМ жестоко реагира на самоволието на општинските власти во Тетово“.

Натаму во ова соопштение се наведува: Социјалистичката партија на Македонија не ја заборави грубата изјава на тетовскиот градоначалник дека “хероите партизани се дел од темното минато”. Тој деновиве преку општинските власти дополнително излегува со неиздржано историско толкување за оправданоста на изградбата на предметната “саат кула”. Или претходно со агресивната намера за менување на име на планински топоним, со крупна историска тежина и многу пошироко познат отколку што е неговиот скромен видокруг.

Од повеќе граѓани на Тетово до Социјалистичката партија на Македонија е изразено чувството дека со своето однесување токму градоначалникот е лицето од “темната сегашност” во општината. Неговата должност е да ги решава комуналните проблеми, но не и да толкува историски периоди за кои ниту е компетентен, ниту е дораснат, а најмалку е повикан.

Нему секако му е познат начинот на кој е реизбран за градоначалник, па токму затоа доколку не го корегира својот однос и став кон ова прашање, повеќе нема да смета на нашето разбирање, најмалку на нашата поддршка. Затоа што во Македонија никој нема право да гази врз народноослободителната војна и жртвите на македонскиот народ и да се однесува спротивно на законот. – истакнува Социјалистичката партија на Македонија во своето соопштение.

 

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top