Македонија

Според моќта, Македонската армија е 114-та во светот

САД го заземаат првото место, по што следуваат Русија и Кина. Индија е на четвртото место, а Јужна Кореја на петтото

Американската аналитичка компанија „Глобал Фајрпауер“ (Global Firepower) го објави своето најново рангирање на најмоќните вооружени сили во светот на почетокот на 2026 година.

САД повторно го заземаат првото место, по што следуваат Русија и Кина. Индија се најде на четвртото место, а Јужна Кореја на петтото. Франција, Јапонија, Обединетото Кралство, Турција и Италија, исто така, се најдоа меѓу првите десет.

Повеќето земји ги задржаа своите позиции во рангирањето, а најголемата промена е во првите десет, каде што Франција и Јапонија го престигнаа Обединетото Кралство, поместувајќи го од шестото на осмото место.

На ранг-листата се најде и армијата на Македонија, која е рангирана како 114 најмоќна сила во светот. Пред македонската армија сетие на Замбија, Гана и Јужен Судан, а веднаш зад нас се Доминиканската Република, Никарагва и Република Конго.

Земјите со најмалку развиени војски на дното на листата се Либерија, Суринам, Централноафриканската Република, Белизе и Бутан.

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

To top