Македонската радио-телевизија (МРТ) вчера наутро, околу 11 часот, на својот втор канал, во рамките на детски фестивал, емитуваше песна насловена „Trojet shqiptare“ – „Албански територии“.
Тринаесетгодишното албанско девојче, облечено во маица со мапа на „Голема Албанија“, отворено пееше за територијални претензии кон македонската држава. Со стихови „Летај, летај, Албанијо, летај, знамето наше се издигнува над земјата“ и „Ќе дојде ден кога сите ќе бидеме заедно, зашто сме еден народ, еден сон, една цел“, детето ја пренесуваше јасната порака за обединување на албанските територии – што директно ги вклучува делови од Република Македонија, Србија, Грција и Црна Гора.
Оваа отворена иредентистичка пропаганда се случи на државната телевизија на Македонија, со пари на македонските граѓани, и тоа во емисија наменета за деца!
Наместо да ги воспитува младите во духот на соживот и почит кон државата во која живеат, МРТ им ја сервираше албанската националистичка агенда, со мапа што отворено ја дели и ги проголтува македонските земји.
Ова не е „културен израз“.
Ова е директна провокација и навреда кон македонскиот народ и македонската држава.
Албанските политичари и активисти веќе со години ја промовираат „Голема Албанија“, а сега таа отровна идеја се емитува на македонската национална телевизија преку уста на дете.
Прашањето што се поставува е: кој во МРТ ја одобри оваа срамна емисија?
Македонија не е „албанска територија“.
Македонија е македонска држава.
Време е институциите да престанат да ги затвораат очите пред ваквите провокации и да почнат да ја штитат сопствената држава и идентитет.