Македонија Бизнис

Средба Кочоска-Славески: Заложба за координција меѓу моентарната и фискалната политика за макроекономска стабилност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари средба со новоизбраниот гувернер на Народната банка Трајко Славески. На средбата двајцата соговорници разменија мислења за тековните економски предизвици и изразија заложба  за продолжување и понатамошно зајакнување на координацијата помеѓу Министерството за финансии и Народната банка во насока на донесување политики што ќе бидат одржливи и во интерес на граѓаните и […]

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари средба со новоизбраниот гувернер на Народната банка Трајко Славески. На средбата двајцата соговорници разменија мислења за тековните економски предизвици и изразија заложба  за продолжување и понатамошно зајакнување на координацијата помеѓу Министерството за финансии и Народната банка во насока на донесување политики што ќе бидат одржливи и во интерес на граѓаните и на стопанството.

На средбата беше изразено заедничкото уверување дека тековната макроекономска стабилност е приоритет којшто треба и понатаму да се одржува и унапредува преку добро усогласени и координирани политики. Беше истакната важноста на блиската соработка помеѓу фискалната и монетарната власт за обезбедување предвидлива економска средина, како основен предуслов за побрз економски раст.

Дополнително, беше нагласено и значењето на координираниот пристап меѓу сите финансиски регулатори во земјата, за да се овозможи понатамошен развој на стабилен, конкурентен и инклузивен финансиски систем, кој ќе биде отпорен на надворешни шокови и во функција на долгорочен економски напредок.

Министерката Димитриеска Кочоска и гувернерот Славески изразија подготвеност за континуирана институционална комуникација и соработка, со цел ефикасно справување со тековните и идните економски предизвици.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top