Македонија

Средба Мицкоски-Касами-Меџити за правосудниот испит: Институциите работат на изнаоѓање решенија, целосно усогласени со Уставот и законот за употреба на јазиците

Денес претседателот на Владата Христијан Мицкоски одржа работна средба, на која присуствуваа сопретседателите на Вреди Билал Касами и Изет Меџити, на која се разговараше за употребата на јазиците при полагање на правосудниот испит.

Беше нагласено дека само преку заеднички, мудар и достоинствен пристап може да се дојде до решенија кои ќе значат напредок, меѓусебна доверба и заедничко чекорење кон иднината.

Соговорниците се согласија дека образованието и знаењето претставуваат темел на секоја современа и успешна држава.

Оттука, институциите активно работат на изнаоѓање на решенија, кои ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците, со цел обезбедување правна сигурност и функционалност.


Најнови вести од: Македонија

To top