Македонија

Средба на Сиљановска-Давкова со гувернерот на Народната банка Трајко Славески

Оценката на гувернерот е дека македонската економија е стабилна, со солиден раст, но мора да се внимава на увозната зависност и цената на храната и енергијата

 

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими гувернерот на Народната банка на Македонија, д-р Трајко Славески.

На средбата гувернерот ги презентирал основните макроекономски показатели, а потем ја запознал Сиљановска-Давкова со макроекономската политика.

Славески го објаснил влијанието на глобалните геостратешки трендови врз македонската економија, презентирајќи ги главните процеси во индустријата, трговијата и градежништвото.

Претседателката се интересирала за добрите страни на актуелната економска состојба, како и за недостатоците и ризиците.

Финалната оценка на гувернерот била дека економијата е стабилна, со солиден раст, но мора да се внимава на увозната зависност и цената на храната и енергијата, се вели во соопштението од кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Обајцата сметаат дека стручните и компетентни човечки ресурси се особено важни за доброто функционирање на Народната банка.

Најнови вести од: Македонија

Почнува судењето за Стојанче Јовановски

Обвинет е за три кривични дела – Телесна повреда,  односно телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, Загрозување на сигурноста, како и кривично дело Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство.

To top