Македонија

Српски медиуми во напад на Македонија за позицијата кон Венецуела

Муцунски е квалификуван како ,,северномакедонски бедник”, а Македонија “банана држава”.

Српски медиуми кои ги поддржуваат српските власти почнаа напад на Македонија и на шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски.

 

Причината е непозната а поводот за жестокиот напад врз Македонија е изјава на Муцунски, во која тој ја  поддржа позицијата на американскиот претседател Доналд Трамп за нападот врз Венецуела и приведувањето на венецуелскиот лидер Николас Мадуро.

Во Белград не им им се допаѓа што Муцунски го пофали американскиот државен секретар Марко Рубио за борбата против нарко-криминалните мрежи поврзани со режимот во Каракас.

Муцунски објави дека Македонија стои на страната на САД и на венецуелскиот народ во борбата за слобода и демократија.

За српските медиуми блиски на офоцијален Белград Муцунски искажал „слепа послушност“ кон Вашингтон и Брисел, а Македонија ја обвинувааат за игнорирање на принципите на  државен суверенитет и меѓународното право.

 

Во написите се тврди дека Македонија безрезервно ги следи политиките на западните центри на моќ и дека во конкретниот случај американската интервенција се третира како легитимна, и покрај, според нив, спорниот начин на нејзино спроведување.

 

Медиумите користат жестоки навреди. На пример белградскиот сајт Информер македонскиот министер за надворешни работи во насловот го нарекува “северномакедонски бедник”, а Македонија “банана држава”.

 

 

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Бадник е ден кога ја негуваме традицијата и си подаваме рака едни на други

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски присуствуваше на традиционалното одбележување на големиот христијански празник Бадник во Соборниот храм, каде во духот на верата и почитта кон вековната традиција се одржа свеченото делење на Бадниковите гранчиња. Овој светол празник, кој ја симболизира тишината пред големата радост и ја најавува светлината на Христовото раѓање, уште еднаш ги обедини верниците околу вредностите на љубовта, смирението, надежта и семејното.

To top