Македонија

Семос Едукација домаќин на AWS Community GameDay Europe во Скопје

Семос Едукација беше домаќин на AWS (Amazon Web Services) Community GameDay Europe во Скопје

Семос Едукација беше домаќин на AWS Community GameDay Europe во Скопје, интернационален практичен настан кој ги обединува AWS ентузијастите, ИТ професионалците и технолошките тимови од цела Европа. GameDay овозможува учесниците да ги тестираат своите cloud вештини во реални, симулирани сценарија базирани на Amazon Web Services – водечката светска cloud платформа. Настанот, кој се одржува синхронизирано во повеќе држави, привлече 1800 учесници во 480 тимови, кои решаваа комплексни предизвици поврзани со архитектура, оптимизација, автоматизација, управување со системи и тимска соработка. Од Македонија учествуваа четири тима, а најуспешниот се пласираше меѓу првите педесет, успех кој говори за растечкиот квалитет на локалната ИТ заедница.

„Во период кога cloud технологиите се темел на современото работење и дигитална трансформација, ваквите настани носат извонредна вредност. Тие создаваат реални услови за учење, експериментирање и професионален раст,“ истакнуваат од Семос Едукација.

Како единствен AWS регионален тренинг партнер, Семос Едукација долгорочно вложува во развој на практични и применливи cloud вештини кои ги следат потребите на пазарот. Семос Едукација претходно го доби признанието Central and Eastern Europe AWS Skill Builder Award, како резултат на силната соработка со компании кои ја користат платформата за усовршување на своите тимови, како и поради континуираниот придонес во развојот на AWS еко-системот во регионот. Оваа награда ја потврдува стратешката посветеност на институцијата кон квалитетна cloud едукација.

Поради сè поголемата потреба за флексибилен начин на учење, Семос Едукација ја прави достапна глобалната платформа за учење AWS Skills Builder за сите заинтересирани почетници, инженери, компании и AWS професионалци.

Платформата нуди повеќе од 600 дигитални AWS обуки и практични лаборатории, патеки за сертификација и професионално напредување, содржини за почетници и напредни корисници, учење во свое време, сопствен ритам и сопствен стил. Со цел да се поттикне развојот на cloud експертизата во регионот, Семос Едукација ја нуди платформата по субвенционирана, повластена цена.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top