Македонија

ССМ на протест, дел од улиците во Скопје блокирани

Сојузот на синдикати на Македонија денеска во 12:05 часот ќе го почне протестот со барања за зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите други плати за 100 евра

 

Синдикалниците ќе се соберат пред зградата на ССМ и ќе маршираат кон Собранието и Стопанската Комора, по што ќе се упатат кон зградата на Владата.

„Барањето за зголемување на минималната плата за 200 евра е оправдано затоа што работниците во Македонија тонат во сиромаштија. Околу 160.000 работници според податоците на Управата за јавни приходи имаат плата под прагот на сиромаштијата или под 31,200 денари“, изјави вчера претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.

Според ССМ, во последните две години синдикалната потрошувачка кошничка е зголемена за повеќе од 10.000 денари наспроти усогласувањето на минималната плата од 1.600 денари што го ветува Владата.

Од ССМ посочуваат и на можни нови поскапувања по случувањата на Блискиот Исток.

Владата останува на ставот минималната плата да се зголеми само за 1.600 денари според законското усогласување, а за повисоко зголемување треба да преговараат работниците и работодавачите.

Премиерот Христијан Мицкоски и владејачката ВМРО-ДПМНЕ, сметаат дека протестот е политички мотивиран.

Поради протестот денеска за сообраќај ќе бидат затворени некои улици во центарот на Скопје.

Најнови вести од: Македонија

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top