Македонија

Стартува зимскиот ред на летање на аеродромите во Скопје и Охрид

Зимскиот распоред на летови за сезоната 2025/26 стапува на сила овој викенд

Зимскиот распоред на летови за сезоната 2025/26 стапува на сила овој викенд, со што Меѓународниот аеродром Скопје ќе овозможи поврзување со 49 редовни дестинации, опслужувани од 17 авиокомпании, и 13 чартер дестинации управувани од една авиокомпанија. Од аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, пак, ќе има летови до пет дестинации, опслужувани од три авиокомпании, соопштија за МИА од ТАВ Македонија, концесионер на двата аеродрома.

Во текот на зимската сезона, која трае до крајот на март 2026 година, двата аеродрома ќе воведат 10 нови дестинации. Девет од нив ќе бидат опслужувани од „Виз Ер“ со поддршка од владини субвенции. Од Скопје, новите линии до Бари и Стокхолм почнуваат на 27 октомври, а истовремено од Охрид стартува линија до Базел. На 28 октомври, Скопје ќе добие директна врска со Мадрид, една од најбараните дестинации, а истовремено се враќа и линијата до Ларнака. Од 15 декември, Скопје ќе се поврзе со Прага и ќе се реактивира линијата до Келн.

Од 30 март 2026 година, ќе се додадат уште три нови дестинации: од Скопје, „Виз Ер“ ќе ја обнови линијата до Будимпешта и ќе воведе нова линија до Неапол, за која се очекува голема побарувачка, додека од Охрид ќе започне линија до Милано. Десеттата нова дестинација е линијата Скопје-Женева, која „ИзиЏет“ ќе ја врати на 3 ноември.

Според Агенцијата за цивилно воздухопловство, од Скопје во периодот од 26 октомври 2025 до 28 март 2026 година ќе има летови до градови како Виена, Белград, Атина, Загреб, Варшава, Франкфурт, Сандефјорд, Гетеборг, Малме, Ајндховен, Брисел, Париз, Дортмунд, Фридрихсхафен, Меминген, Франкфурт Хан, Базел, Нирнберг, Берлин, Милано, Хамбург, Венеција, Братислава, Рим, Баден-Баден, Малта, Болоња, Љубљана, Лондон, Стокхолм, Прага, Штутгарт, Ларнака, Келн, Лион, Бари, Мадрид, Женева, Истанбул, Измир, Анталија и Цирих. Од Охрид, дестинациите вклучуваат Цирих, Базел, Дортмунд, Виена и Меминген.

„Од ТАВ Македонија велат дека нивниот тим за развој на мрежата на рути преговара со авиокомпании за воспоставување директни воздушни врски со Данска, Финска и Блискиот Исток, а фокусот во иднина ќе биде насочен и на поголема поврзаност со Шпанија и Обединетото Кралство.“

Неодамна, на 23 октомври, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и британскиот министер за воздухопловство, поморство и декарбонизација Киер Метер потпишаа Договор за редовен воздушен сообраќај со Велика Британија, отворајќи можности за нови директни линии.

Во првите девет месеци од 2025 година, двата аеродрома опслужиле 2.585.096 патници, што е пораст од 6% во споредба со истиот период минатата година. Од Скопје биле превезени 2.375.264 патници (пораст од 5,4%), додека од Охрид 209.832 патници, што е пораст од 16,2%. Бројот на летови исто така се зголемил за 3%, со вкупно 20.141 летови.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба

Оние кои и ги направија најголемите предавства, кои го сменија името, потпишаа бланко документ за бугарските барања и ги распродаваа националните интереси, Венко Филипче и СДС, велат Македонија не е на продажба

Во Салцбург основана нова македонска православна црковна општина „Св. Архангел Михаил“

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина, откако митрополитот европски Пимен даде благослов за нејзино основање во рамките на Европската епархија на Македонската Православна Црква

Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае

Таа посочи дека „Браќа Манаки“ одамна не е само фестивал, туку и културна институција со препознатлив меѓународен авторитет, докажан културен идентитет и долг, духовен и емоционален мост што ја поврзува македонската и балканската кинематографија со светската

To top