Македонија

Стефановски: Со што е Филипче задолжен од Софија наместо за концепти на СДСМ да зборува за прашањата на Бугарија, а тие ги предизвикаа и проблемите и ветото?!

„Филипче е насочен само кон критика на ВМРО-ДПМНЕ во доменот на надворешната политика или поконкретно за прашањето со Бугарија. Но, со што е претседателот на СДСМ задолжен во Софија за да ги остави идеолошките и граѓанските концепти на СДСМ на страна? Конгресот на СДСМ можеби бил со работни содржини, за кои јавноста не е запознаена, поради тоа што Венко и СДСМ го обликуваат јавниот говор со македонско-бугарските односи, Јавноста нема увид ниту во тоа кои се новите шест столбови на СДСМ како партија и која е користа од нив за државата.“ – истакнува политичкиот аналитичар Милован Стефановски во разговор за информативниот портал „Локално“ во врска со вчерашниот партиски конгрес и новата програмска платформа на СДСМ.

Порталот натаму ја пренесува изјавата на Стефановски: Лидерот на СДСМ најави засилен притисок кон власта, од која се бара јасен државен план за преговорите со ЕУ, притоа, истакнувајќи дека времето за изговори е истечено. Со оглед на ситуацијата во „Бихаќка“, дали со ова раководство на партијата, секоја порака е залудна? Се најавува притисок, но СДСМ го посеа семето на проблемот во однос на тоа што имаме активно вето од Бугарија, само затоа што СДСМ сервилно пристапи кон разговорите и преговорите во однос на Договорот за добрососедство.

-Државата има јасен државен план и тоа се гледа по реформската агенда и финансиската корист, што ја Македонија од ЕУ по однос на тоа. Дополнително оваа Влада има мандат од граѓаните за силна насоченост кон реформи и исполнување на Копенхагенските критериуми како основен вредносен код за членство во ЕУ. Изговорите во времето кога СДСМ преку Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство кои ја понижија Македонија и не ѝ донесоа членство во ЕУ, завршија тогаш кога граѓаните пред извесен период двапати го казнија СДСМ,а му дадоа мандат на ВМРО ДПМНЕ да ја носи државата достоинствено во институциите и организациите кои се базираат на основни демократски вредности, како што и ЕУ. СДСМ во овој момент нема мандат, ниту образ да зборува за оваа тема, порачува Милован Стефановски.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски: Технологијата напредува брзо, но одговорноста мора да остане човечка

Министерот нагласи дека иновациите треба да создаваат нови економски можности и поквалитетни јавни услуги, но истовремено мора да бидат придружени со јасна одговорност, заштита на граѓаните и почитување на владеењето на правото.

Инспекцијата презема конкретни активности за отстранување на утврдените недостатоци во ревизорскиот извештај

По стапувањето на должност директор на Државниот пазарен инспекторат, од наша страна беа согледани дел од недостатоците и предизвиците со кои се соочува институцијата. Токму поради потребата од целосен и независен увид во состојбите, беше поднесено барање за спроведување ревизија, вели директорот на ДПИ, Влатко Стојкоски, во врска со ревизорскиот извештај.

Најнови вести

To top