Македонија Свет

Стејт департмент: Закани кон новинарите и медиумска слобода остануваат сериозен проблем во Македонија

Американскиот Стејт департмент во годишниот извештај за човекови права за 2024 година предупредува дека Македонија продолжува да се соочува со сериозни предизвици во заштитата на слободата на медиумите и правата на новинарите, и покрај уставните гаранции за слободата на говор.

Американскиот Стејт департмент во годишниот извештај за човекови права за 2024 година предупредува дека Македонија продолжува да се соочува со сериозни предизвици во заштитата на слободата на медиумите и правата на новинарите, и покрај уставните гаранции за слободата на говор.

Меѓу најголемите проблеми се издвојуваат заканите и насилството врз новинарите, зголемувањето на SLAPP тужбите, несоодветното однесување на јавни функционери кон медиумите и политичкиот притисок врз уредувачката политика. Како пример, се наведуваат случаите од 2024 година со новинарката Лепа Џундева, која била мета на закани и говор на омраза по интервју со грчки функционер, и физичкиот напад врз новинарот Фуркан Салиу од полициски службеник, за кој е покренато обвинение.

Здружението на новинари на Македонија бележи зголемување на бројот на инциденти, особено на насилство и вознемирување врз новинарки. Организацијата „Репортери без граници“ истакнува дека медиумите работат под силен притисок поради политичката поларизација, додека јавниот сервис сè уште нема целосна уредничка и финансиска независност.

Во извештајот се посочува и на законските измени кои ѝ овозможуваат на владата да финансира медиумски кампањи за теми од „висок јавен интерес“, што според независните медиуми отвора ризик од клиентелизам и влијание врз уредувачката политика.

Стејт департментот нотира и пошироки слабости во владеењето на правото – ограничена примена на механизмите за казнување злоупотреби, ниска доверба во правосудството и недоволна транспарентност во трошењето јавни пари.

Покрај медиумските слободи, извештајот се осврнува и на работничките права, прекумерната употреба на сила од страна на полицијата (37 пријави за седум месеци, од кои три потврдени), раните бракови во ромската заедница и недоволната заштита на бегалците и барателите на азил.

Американската администрација заклучува дека во Македонија постојат системски предизвици кои бараат посилни институции, независни медиуми и транспарентно управување за да се обезбедат владеење на правото и заштита на човековите слободи.

Најнови вести од: Македонија Свет

Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот Кабинет

Во дворот на претседателскиот Кабинет, во присуство на основци од скопските училишта „Владо Тасевски“, „Димитар Миладинов“, „Исмаил Ќемаљи“ како и од „Блаже Конески“ од Прилеп, денеска се одржа церемонија на менување на државното знаме

Полицијата на пролетен марш: Градиме подготвена, сплотена и уште поблиска полиција до граѓаните, порачува Тошковски

Заедно со директорот на БЈБ, раководството на СВР Велес и колегите од секторот, бев дел од пролетниот марш на подрачјето на Неготино, од месноста Острово до Манастирот „Свети Ѓоргија“, објави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. „Овие активности ја јакнат сплотеноста, довербата и тимскиот дух во полицијата. Силна полиција се гради со професионалност, физичка подготвеност, […]

Генералка викенд во Штип, Пробиштип, Свети Николе и Карбинци

Успешно заврши првиот ден од еколошката акција „Генералка викенд“ во Штип. Вработените во штипските јавни претпријатија, општината, учениците и вработените во Универзитетот „ Гоце Делчев“ –Штип денеска се вклучија во најголемата еколошка акција, чистејќи ги дворовите и околината околу објектите. Во Штип „Генералка викенд“ ќе продолжи и утре, најави секретарот на општина Штип, Вишна Шорова-Ангелова

To top