Македонија

Стојаноски: Македонија предводник во регионот, патничкиот авиосообраќај порасна за 27,9%

Резултатите покажуваат дека Македонија станува се попривлечна туристичка и транспортна дестинација. Аеродромите во Охрид и Скопје го имаа најуспешниот јули досега, поставувајќи историски рекорди во македонскиот воздушен сообраќај, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

„27,9% раст на патничкиот сообраќај – прво место меѓу земјите кои не се членки на ЕУ+, според ACI Europe. Меѓународниот аеродром Скопје е рангиран меѓу најбрзорастечките средни аеродроми во Европа, со раст од 28,6%. Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид го забележа најуспешниот месец јули во својата историја“, рече Стојаноски.

Во текот на јули, охридскиот аеродром има раст од 41,21% во споредба со истиот месец минатата година.

„Овие бројки се потврда дека инвестициите во нови авиолинии, развојот на аеродромите и поддршката на туризмот носат конкретни резултати за македонската економија“, истакна тој.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

To top