Македонија

Стојков: Грција и Бугарија ќе го користат примопредавањето на моштите на македонскиот цар Самуил за пропаганда против Македонија!

„Свечената“ објава на бугарскиот премиер Румен Радев дека в сабота, на 3 октомври, Грција ќе ѝ ги предаде посмртните останки од цар Самуил (починат 1014 година), одекна не како историско-научна сензација, туку токму така како што беше и конструирана – со политичко тенденциозност спрема Македонија. Ова се нагласува во статијата со наслов „Стојков: Не е сигурно дека моштите се на цар Самуил, а Бугарија и Грција немаат ни правна основа за нивно примопредавање“, која ја објави информативниот портал „МКД.мк“

Натаму порталот пишува: Имено, Цар Самуил бил средновековен македонски владетел, кој од 997 до 1014 година владеел со Самуиловото Царство, чиј политички и духовен центар бил во Охрид. Тој е еден од историските личности, кој иако починал пред повеќе од 11 века, откажувањето од него во македонската историја, Бугарија практично ѝ го поставува како услов на Македонија за членство во ЕУ, преку работата на историската комисија додадена како анекс во преговарачката рамка. „Спектаклот“ со примопредавањето на останките на македонскиот цар Самуил го потврдува уште еднаш политичкиот „сојузнички“ заговор на Грција и Бугарија спрема Македонија.

Историчарот-професор специјализиран за средновековна историја Стојко Стојков, кој е и сопретседател на ОМО Илинден-Пирин, смета дека оваа церемонија ќе биде искористена во пропагандни цели против Македонија во современиот политички контекст. „Овој чин на примопредавање на останките на цар Самуил што го договориле Бугарија и Грција не е само историско прашање, туку и правно. Бугарија нема правна основа да ги бара тие останки – ниту се пронајдени па изнедени од нејзина територија, ниту ѝ припаѓале на Бугарија, а ниту е потврдено дека тие останки се воопшто на цар Самуил. Откриени се на грчкиот дел од Преспа, на островот Свети Ахил, пред педесетина години и не е потврдено дали се од цар Самуил. Можеби се, а можеби и не се. Но во секој случај, ова примопредавање на артефактите ќе биде искористено во пропагандни цели против Македонија, со која и Бугарија, и Грција имаат проблем со признавање на постоење македонско малцинство во сопствените држави. Затоа и самото постоење на Македонија го чувствуваат како идеолошка закана на нивните конструирани историски наративи и потребни им се материјални симболи за поткрепување на нивните пропаганди“, вели Стојко Стојков.

Професорот Стојков истакнува дека оваа најнова „историска“ соработка меѓу Бугарија и Грција е само дел од контекстот на заемната политичка поддршка меѓу двете земји во настапите против Македонија во Советот на Европа, во Европската Унија и во речиси сите меѓународни институции. Тој потсетува на инцидентот од 2007-2008 година со запленување на бугарската граница на изборните материјали на партијата „Виножито“ од Грција, која е претставник на тамошното македонско малцинство. Тоа се случило во предизборен период во Грција, а Бугарија со запленувањето на материјалите на „Виножито“ и сомничењето на членовите на оваа партија за пропаганда, практично го оневозможила нивното учество на грчките избори. Подоцна, по завршувањето на изборите, Бугарија објавила дека пограничната акција против „Виножито“ се случила „по грешка“.

„Оваа соработка за размена за артефакти меѓу Бугарија и Грција се договора уште од времето кога Бугарија влезе во ЕУ, некаде од 2007/2008 година. Грција веќе долго време бара враќање на артефакти од нејзината територија, разнесени низ светот, па и овој договор со Бугарија е во тој контекст. А Бугарија веќе има опљачкано многу артефакти од Македонија, во време на окупациите што ги извршила на македонска територија. Можеби околупациите не биле временски долги, но доволно за пљачкање на артефакти, со изговор дека се ‘бугарски’. Македонија, како држава треба да ги побара тие артефакти украдени од нејзина територија“, смета професорот Стојков.

Грчките медиуми известуваат дека во замена за моштите на цар Самуил, Бугарија ќе ѝ врати на Грција православни културно-историски артефакти, изнесени од два манастира во Северна Грција, во областа Драма, за време на бугарската окупација на Грција во Првата светска војна, објави „МКД.мк“.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Филипче лаже за Алта банка – немало забрана за работа во ЕУ за банката, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на прес-конференција го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека шири невистини за банката и за нејзиниот сопственик Давор Мацура.

(Видео): СДСМ поднесе кривична пријава за Трајко Славески – бара да му се воведат мерки на претпазливост

СДСМ бара мерки на претпазливост за Трајко Славески и за останатите лица, вклучително привремена забрана за вршење должности на сите инволвирани, за, како што рече Димитријевиќ, да се спречи влијание врз сведоците и можно уништување на документацијата.

Стојаноски: СДСМ бега од вистината за Алта банка, бараме итно продолжување на надѕорната расправа

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска изјави дека СДСМ одбива да свика продолжение на надѕорната расправа за Алта банка, по вчерашните случувања на седницата.

Порибено Преспанското Езеро со речиси 7 илјади млади крапови

Порибувањето е спроведено од страна на регистрираното мрестилиште „Акватика“ од Неготино за чија реализација се обезбедени 500.000 денари од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2026 година.

„Н.М.“: Пукнатините во ЕУ се сè подлабоки! Каква доверба во неа да има Македонија, кога чека со години пред нејзините врати?!

Европа сè поретко е на главните маси на кои се носат важните геополитички одлуки, а сè почесто е во улога на набљудувач, коментатор или спореден учесник на настаните. Земјите- членки на ЕУ ја користат секоја можност пред донесувањето на заедничките одлуки да се осврнат на своите национални потреби како приоритетни, дури и кога станува збор за интереси на целата Унија. Во ЕУ се редат закани со блокади, финансиски условувања и национални калкулации. Каква доверба во таква Европа треба да имаат земјите кандидати, што со години чекаат пред нејзините врати? – ова се истакнува во анализата со наслов „Пукнатините во ЕУ сè повеќе се продлабочуваат! “, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

Савески: Јавното обвинителство ќе постапува по секоја кривична пријава поврзана со Алта банка!

„Ќе мора и надлежниот обвинител да ги провери наводите и да преземе соодветни истражни дејства.“ – истакнува државниот јавен обвинител Ненад Савески во интервјуто за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, кое ќе се емитува вечерва во 21:30 часот.

Ѓула Челику: Длабока е болката кога Албанците од „РСМ“ се етикетираат како Македонци, не треба да ја забораваат Албанија без оглед каде живеат!

„Длабока е болката кога Албанците од С.Македонија се етикетираат како Македонци, како да е нашиот национален идентитет административен избор, или прашање, кое другите можат да го одлучат за нас. Но, болката станува уште поголема кога ова негирање е прифатено, поддржано или промовирано од оние, кои треба да го бранат албанството!“ – пишува Ѓула Челику во својата колумна со наслов „Да бидеш Албанка од С.Македонија“, која ја објави информативната агенција на албански јазик „Илирија-ИНА“ од Скопје. Ѓула Челику е доктор по политички науки, професорка во државниот универзитет во Тетово, основач и претседател на политичката партија Европско граѓанско движење во Република Македонија

To top