Македонија Бизнис

Стопанството бара фирмите да учествуваат со 70% во реализацијата на британските инвестиции

Домашните компании бараат да се присутни со најмалку 70% од извршувањето на работите во новите проекти и инвестиции меѓу Македонија и Oбединетото Kралство во рамки на стратешкото партнерство. Ова е ставот на претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, по средбата со министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Според бизнисот, компаниите засега се задоволни од работата на […]

Домашните компании бараат да се присутни со најмалку 70% од извршувањето на работите во новите проекти и инвестиции меѓу Македонија и Oбединетото Kралство во рамки на стратешкото партнерство. Ова е ставот на претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, по средбата со министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Според бизнисот, компаниите засега се задоволни од работата на Владата, иако во дел од проектите имало побавно одвивање на работите.

Претседателот на СКСМ Бранко Азеско потенцираше дека бизнис заедницата е задоволна од она што го презема Владата, но дека тоа оди со побавно темпо. Упати барање 70% од работите што ќе се изведуваат при спровдување на проектите поддржани преку Договорот за стратешко партнерство со Обеиднетото Кралство, да бидат реализирани од страна на домашните компании. Изрази задоволство од реализацијата на унгарскиот заем наменет за компаниите и дека тој ќе се спроведе како што било планирано. Во однос на солидарниот данок наведе дека е постигнато заеднички да се намали рокот во кој државата ќе го врати кон компаниите од оној до 5 години утврден со одлуката на Уставниот суд и дека заеднички ќе се утврди и модалитетот на враќање.

Министерката за финансии во врска со реализацијата на проектите коишто ќе добијат поддршка преку Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, наведе дека стануа збор за рамка од 5 милијарди фунти кои ќе може да се повлекуваат во наредните 10 години, а повлекувањето ќе се одвива врз основа на готови проекти. Средствата за финансирање ќе се бараат откако ќе има готов проект и дека условите ќе зависат од рокот на отплата, но при изборот ќе се користи изворот кој ќе даде најповолни услови.

  • Британската Влада со овој Договор застанува зад Македонија и гарантира дека ние ќе ги вратиме средствата“, наведе министерката за финансии.

Димитриеска-Кочоска рече дека дел од британските пари ќе се користат за изградба на пруга којашто ќе ги поврзе Табановце со Гевгелија, завршување на Клиничкиот центар во Штип, како и изградба на болницата во Кичево. Бизнисмените сметаат дека предвидливоста мора да е во фокус, оти само така економијата ќе оди напред и ќе застане на здрави нозе. Стопанствениците сметаат и дека извозот е клучна алка, односно алфа и омега за натамошен развој за македонскиот бизнис.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Нема криење на гориво – засилени контроли и кај трговците, велат од Пазарен инспекторат

Во однос на можноста за намалување на ДДВ за увоз на енергенси, директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова изјави дека таквите проценки ги прави Владата со ресорните министерства, додека УЈП ќе ги спроведува мерките доколку бидат донесени.

Сиљановска-Давкова од „Треблинка“: Нема да дозволиме историски ревизионизам за Холокаустот на македонските Евреи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на комеморацијата на Холокаустот на македонските Евреи што се одржа во Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка“ во Полска.

Николоски во САД: Разговараме за раст на партнерството меѓу Македонија и Светска банка

Чарлс Кормиер, регионалниот директор за инфраструктура во Светска банка го поздравил присуството на вицепремиерот Николоски на глобалниот настан и истакнал дека оваа година Светска банка во фокусот ги стави темите поврзани со решенија за одржлив и инклузивен транспорт во светот како предуслов за раст и отворање на нови работни места.

Секоја четврта фирма не издавала фискални сметки, УЈП со куп неправилности во евидентирање на прометот

Активистите на УЈП не значат повеќе контроли и повеќе казни, туку разни мерки. Минатата година фокусот бил ставен на угостителството, трговијата на мало и некои услужни дејности.

(Видео): Нема потреба од кризна состојба, вели премиерот

Факт е дека во државата цената на нафтата, односно на нафтените деривати е најниска во споредба со земјите од соседството. Ваквата ситуација, според премиерот, од една страна е добра, но од друг аспект создава, условно кажано, проблеми бидејќи граѓани од соседните земји доаѓаат во земјава за да ги наполнат резервоарите на возилата, пред сè со дизел-гориво. Тоа, како што рече Мицкоски, особено се случува на бензинските пумпи во пограничните општини.

Мицкоски: Менкиноски не е криминалец, туку чесен граѓанин, кому „грев“ му е застапувањето на правата на Македонците! – ЕУ да го осуди ова однесување на Бугарија!

Премиерот Христијан Мицкоски јавно го осуди тоа што се случува со адвокатот Тони Менкиноски, кој доби црн печат од граничната полиција за влез во Бугарија до 2036 година, оценувајќи дека „тоа е лоша порака“ и дека „тоа директно влијае врз имиџот на самата Европска Унија, доколку не излезе со осуда на ваквото однесување“.

Владата го предложи судијата во Кривичниот суд Ненад Савески за нов државен јавен обвинител

Владата денеска го предложи судијата од Кривичен суд, Ненад Савески за нов државен јавен обвинител. Предлогот на Владата треба да биде изгласан од Собранието. За изборот на државниот обвинител се потребни 61 глас. Портпаролката на Владата Марија Митева на денешната прес-конференција истакна дека Владата се раководела од принципите на професионалност, интегритет, стручност и доследна посветеност на владеењето на правото. -Ненад Савески е судија во Кривичниот суд и во текот на својата професионална кариера има изградено репутација на правник со долгогодишно искуство, препознатлив по својата стручност, професионален интегритет и посветеност на принципите на законитост и правда, рече Митева.

To top