Македонија

Странски експерти ќе ги утврдуваат наводите на д-р Кедев

Еден експерт ќе биде од Словенија, вториот од Италија, а за изборот на третиот во игра се имиња од Австрија и Германија

Министерот за здравство Азир Алиу изјави дека се комплетира листата со експерти кои ќе треба да утврдат дали има вистина во сомневањата дека се правеле непотребни интеревенции кај пациенти во приватните болници, само за профит.

Одлуката за ангажирање на странски експерти е со цел поголема објективност и утврдување на вистинската слика изјави министерот Алиу за ТВ 24.

Тој до понеделник очекува да биде комплетиран списокот со имиња на експертите.

Еден експерт ќе биде од Словенија, вториот е одлучено да биде од Италија, а за изборот на третиот во игра се имиња од Австрија и Германија, потврди министерот за здравство.

Министерството за здравство подготвува допис со кој сите приватни здравствени установи од 15 септември ќе бидат задолжени да го информираат Министерството, односно Управата за електронско здравство за сите извршени прегледи и интервенции.

Министерот Алиу се’ уште не остварил средба со кардилогот Кедев кој во неговата изјава рече дека имало и докази за тоа што го тврди, но дека во интерес на размена на аргументи во следниот период тој  ќе се сретне со Кедев.

Од приватната болница Аџибадем Систина претходно реагираа на изјавата на Кедев и го повикаа да каже точно за која болница се однесува неговата изјава, а во соопштението до јавноста потенцираа дека интервенциите се базирани на медицински индикации и највисоки етички стандарди.

Д-р Кедев одговори дека тужбата ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство. Лекарската комора изрази поддршка на здравствените власти и отвореност за соработка со цел како што порачаа – утврдување на фактите.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top