
Летната туристичка сезона се приближува, а земјите на Балканот, особено Македонија, Грција и Хрватска, се соочуваат со сериозен недостиг на работна сила во клучните сектори како угостителството, туризмот и земјоделството. И додека земјите во регионот бараат решенија за пополнување на празните позиции, не се гледаат само локалните предизвици, туку и растечката зависност од странски работници за задоволување на потребите на сезонската работна сила.
Недостиг на работна сила и одлив на кадар е проблем со кој подолго време се соочува нашата држава. Проблемот е особено изразен за време на летната сезона кога голем дел од нашите работници заминуваат на сезонска работа во регионот. Освен на Хрватска, Албанија и на Грција ѝ недостигаат 80 илјади работници во угостителството и туризмот. Македонските работодавачи велат дека недостигот ќе го пополнуваат со работници од Непал, Бангладеш, Пакистан. Велат ако нашите кувари одат во Хрватска тогаш ние треба да донесеме готвачи од Непал.
- Недостигот од работна сила ќе го решаваме со увоз на работници. Ако нашите готвачи одат во Хрватска тогаш ние треба да донесеме готвачи од Непал. Кога имате лон-производство може да ја пренесете фабриката во Бангладеш, односно таму да отворите погон бидејќи бруто платата е 200 долари. Меѓутоа ако работите угостителство или хотелиерство тоа е малку потешко. Хотелот не може да го пренесете и затоа ќе мора да донесете работници од таму, изјави за весникот ВЕЧЕР, Ангел Димитров, од Организација на работодавачи на Македонија.