Македонија

Странците одушевени од Македонија

Раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Француски туристи дошле во Македонија очекувајќи културно-историска тура, а освен запознавање со македонското наследство, си заминале воодушевени и од храната, вината и гостопримството. Токму ваквите впечатоци, заедно со растот на бројот на странски туристи и ноќевањата, се потврда дека странците се повеќе ја гледаат Македонија како автентична туристичка дестинација. Бројките на Државниот завод за статистика покажуваат дека ако се споредат првите пет месеци од 2026 – со ланските, Македонија бележи раст на странски туристи од 4,9%, а бројот на ноќевања се зголемил за 3,3 отсто.

„Екс-ју авиејшн“: Скопскиот е најбрзорастечки меѓу аеродромите во поранешна Југославија

„Ќе почнеме да жнееме и подобри резултати бидејќи е вратена комуникацијата меѓу државата и приватниот сектор. Во тек е и изработка на стратегија за туризам, имаме и работилници. За прв пат сите чинители заедно градиме правец за развој на македонскиот туризам. Убави се бројките, но нашиот фокус е на поквалитетни гости кои ќе трошат повеќе кај нас и ќе имаат импакт на домашната економија.“- вели Влатко Сулев, претседателот на Националното здружение за дојдовен туризам во Македонија.

Новите авиолинии и заедничкиот пристап на институциите со туристичкиот сектор се клучни причини за позитивните бројки. Најбројни и понатаму се туристите од Турција, но позитивни сигнали доаѓаат и од други пазари. Се очекува да порасне бројот и на Шпански и Италијански гости.

„Ако Македонија е мала држава, сепак е многу богата со културни историски споменици, ги фасцинира туристите како патување низ историјата, нашето вино, гостопримливост наша, ние сме една од последните автентични дестинации во Европа. Посебно се фасцинирани од Матка, Пантелејмон во Нерези, манастири и џамии – ја доживуваат уметноста од отомански период,  Охрид е фасцинантен за нив, Битола, Стара скопска чаршија, винскиот регион е се поатрактивен со сали за дегустација, храната.“- вели Сулев.

Само во мај, од вкупниот број на туристи, 19% биле домашни, а 81% странски. Бројот на ноќевања изнесувал повеќе од 236 илјади, од кои 24% биле од домашните туристи, а 76% од странски.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top