Македонија

Страотна трагедија во Хрватска: македонски државјанин-возач на камион од Македонија изгоре во кабината! (Видео)

Возач од Македонија настрада во тешка сообраќајна несреќа што се случи во вторникот околу пладне на автопатот Брегана-Загреб. Камионот што тој го управувал ја пробил заштитната ограда, удрил во далновод и се запалил, потврди Полициската управа Брод-Посавина. Според неофицијални информации што ги пренесуваат локални портали, возачот бил заробен во возилото и не успеал да излезе, по што починал. Според хрватските медиуми, станува збор за македонски државјанин.

Несреќата се случила во близина на Среданци во правец на Брегана, а полицијата добила пријава за пожар во возило во кое имало едно лице. На местото на несреќата биле испратени сите служби за итни случаи, вклучувајќи ги и пожарникарите, кои имале тешкотии да стигнат до местото на несреќата поради настанатиот сообраќаен метеж. „Фејсбук“ страницата „Пожарникари – 193“ објави видео од нивното возење по автопатот, на кое се гледа дека другите возачи не создале коридор за итни случаи.

Хрватската полиција излезе со соопштение во кое потврди дека камионот е од Македонија. „На автопатот А3 (област на општина Доњи Андријевци), камион излетал од патот и се запалил. Едно лице загина во инцидентот. На местото на настанот беа пронајдени регистарски таблички од Република Северна Македонија.

Утврдено е дека засега непознатиот возач го возел камионот, движејќи се по јужната лента, и се лизнал од коловозот на северната страна, ја пробил централната метална заштитна ограда, удрил во столб за улично осветлување и преминал на спротивната северна лента. Откако се занело возилото, повторно удрил0 во централната заштитна ограда и друг столб за уличен светилка. Како резултат на пожарот, камионот целосно изгоре заедно со непознатиот возач. На местото на настанот беа повикани служби за итни случаи“ – се вели во соопштението од Полициската управа Брод-Посавина.

Видео

Најнови вести од: Македонија

Домашен притвор за директорката осомничена за загадената вода во Гостивар

Артана Асани беше уапсена во јули заедно со уште двајца раководители во претпријатието, по што им беше определен притвор,. мерката подоцна беше продолжена, а одбраната побара таа да биде заменета со куќен притвор

Повелете, неписмен бугарски публикуме – Адвокатка ги демаскира бугарските напади врз македонскиот капитен

Македонскиот капитен го повтори тоа што преходно во Софија го стори претседателката Сиљановска-Давкова која одби да одговара на бугарски јазик и зборуваше на англиски јазик

To top