Македонија

Стружанец и велешанка со туѓи податоци подигнале онлајн кредит

Пријавените, довеле во заблуда едно лице од Општина Карбинци и со лажно прикажување на факти, обезбедиле нејзини лични податоци и број на банкарска сметка.

СВР Штип поднесе кривична пријава против С.П.(35) од Струга и К.Т.(47) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „злоупотреба на лични податоци”.

Пријавените довеле во заблуда едно лице од Општина Карбинци и со лажно прикажување на факти, обезбедиле нејзини лични податоци и број на банкарска сметка, при што на 25.06.2025 аплицирале за онлајн кредит во финансиско друштво, а потоа под изговор дека по грешка се парите на нејзината сметка и побарале да ги повлече паричните средства и да ги предаде на второпријавената.

Најнови вести од: Македонија

Ристески: Дигитализација и иновациите во производствените капацитети се неопходни за компаниите да опстанат и да бидат конкурентни на меѓународниот пазар

Годишната индустриска конференција „MANUFACTURING 2026 – Трансформација кон иновации“ е во организација на Македонското здружение на металната и електроиндустријата (MAMEI), Стопанската комора на Македонија и Европскиот дигитален иновациски хаб – ДигитМАК

Туристички бум во Турција: Рекордни приходи од туризмот од 51,3 милијарди долари во првите девет месеци од годинава

Вкупниот број посетители во Турција во наведениот период достигнал 49,1 милион. Руската Федерација со 5,70 милиони посетители, Германија со 5,17 милиони и Обединетото Кралство со 3,20 милиони посетители останаа трите најголеми туристички пазари за земјата.

To top