Македонија

Стружанец доби кривична за даночно затајување

Финансиската полиција истражува позајмици од фирма што не биле вратени

Застарени обврски и позајмици што не биле вратени до крајот на годината се во центарот на нова истрага за даночно затајување. Управата за финансиска полиција поднела кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струга против сопственик на фирма и против правното лице.

Според пријавата, Б.З., како сопственик и управител, не признал како приход застарени и ненамирени обврски од 30.946.170 денари. Тие биле прикажани во бруто-билансот за 2025 година.

„Обврските биле застарени согласно Законот за облигационите односи, а за нив не биле поведени судски постапки за наплата“, соопшти Управата.

Финансиската полиција тврди дека сопственикот не ја прикажал соодветната даночна обврска за 2025 година. Така, според пријавата, не биле пресметани, пријавени и платени 3.094.617 денари данок на добивка.

Инспекторите утврдиле и позајмици кон физички лица од 14.254.665 денари. Тие биле заведени во книговодството, но не биле вратени до крајот на годината.

„Позајмиците не биле евидентирани како непризнаени расходи за даночни цели“, наведува Финансиската полиција.

За нив, според пријавата, не бил пресметан и платен данок на добивка од дополнителни 1.425.467 денари.

„Со наведените дејствија, физичкото и правното лице не ги пресметале, не ги пријавиле и не ги уплатиле законски утврдените даночни обврски, со што го оштетиле Буџетот на Македонија за вкупен износ од 4.520.084 денари“, информира Управата за финансиска полиција.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан

„Секое одложување на поврзувањето е пропуштена можност. Секоја одложена инвестиција има економска последица. И секоја политичка цел има цена којашто не ја плаќаат институциите, туку граѓаните“

(Видео): Филипче лаже за Алта банка – немало забрана за работа во ЕУ за банката, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на прес-конференција го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека шири невистини за банката и за нејзиниот сопственик Давор Мацура.

(Видео): СДСМ поднесе кривична пријава за Трајко Славески – бара да му се воведат мерки на претпазливост

СДСМ бара мерки на претпазливост за Трајко Славески и за останатите лица, вклучително привремена забрана за вршење должности на сите инволвирани, за, како што рече Димитријевиќ, да се спречи влијание врз сведоците и можно уништување на документацијата.

Стојаноски: СДСМ бега од вистината за Алта банка, бараме итно продолжување на надѕорната расправа

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска изјави дека СДСМ одбива да свика продолжение на надѕорната расправа за Алта банка, по вчерашните случувања на седницата.

Порибено Преспанското Езеро со речиси 7 илјади млади крапови

Порибувањето е спроведено од страна на регистрираното мрестилиште „Акватика“ од Неготино за чија реализација се обезбедени 500.000 денари од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2026 година.

„Н.М.“: Пукнатините во ЕУ се сè подлабоки! Каква доверба во неа да има Македонија, кога чека со години пред нејзините врати?!

Европа сè поретко е на главните маси на кои се носат важните геополитички одлуки, а сè почесто е во улога на набљудувач, коментатор или спореден учесник на настаните. Земјите- членки на ЕУ ја користат секоја можност пред донесувањето на заедничките одлуки да се осврнат на своите национални потреби како приоритетни, дури и кога станува збор за интереси на целата Унија. Во ЕУ се редат закани со блокади, финансиски условувања и национални калкулации. Каква доверба во таква Европа треба да имаат земјите кандидати, што со години чекаат пред нејзините врати? – ова се истакнува во анализата со наслов „Пукнатините во ЕУ сè повеќе се продлабочуваат! “, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

To top