Македонија Бизнис

Субвенции за земјоделците „Да“, а за профитерите „Не“

Планираме систем на субвенционирање да биде насочен кон вистинските земјоделци. Кон оние коишто вистински произведуваат, а не кон оние малкумина коишто се обидуваат да профитираат на грбот на земјоделците, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Охрабрува растот на извозот на земјоделските производи во првите месеци од оваа година, а Владата ќе ги задржи овие параметри на среден и на долг рок, рече премиерот Христијан Мицкоски.

– Имаме раст на извозот во првите 5 месеци, од речиси шеесетина, близу 70 проценти, што е добро, охрабрувачки за земјоделците. Добро е и за државата, бидејќи е помал дефицитот што се однесува на увозот на храна – изјави Мицкоски.

Тој додаде дека фокусот на Владата е да ги помага земјоделците, тие да произведуваат за да може и да извезуваат, но и да ги задоволат трпезите на македонските граѓани.

– Така ќе продолжиме и во иднина, со тоа што планираме тој систем на субвенционирање да биде насочен кон вистинските земјоделци. Кон оние коишто вистински произведуваат, а не кон оние малкумина коишто се обидуваат да профитираат на грбот на земјоделците. Така функциониравме и досега, така ќе продолжиме да функционираме и понатаму – рече премиерот Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Ова е првиот договор на 4iG Групацијата за обезбедување ИТ услуги за странска влада, со кој компанијата го проширува своето меѓународно присуство преку испорака на современи технолошки решенија и интегрирани информациски системи

(Видео): Работоспособно население не значи автоматски и продуктивно

Со зголемувањето на квотата за странски работници е надминат и недостигот од околу 670 работници во стопанството, велат од Владата и сметаат дека до 2030 година земјава треба да достигне квота од 50 000 странски работници годишно.

To top