Македонија

Судот го отфрли приговорот: Штекли способен за судење

Основниот кривичен суд во Скопје одлучи дека не постои контрадикторност меѓу вештачењата на Обвинителството и одбраната во врска со психичкото здравје на обвинетиот

Основниот кривичен суд во Скопје одлучи дека не постои контрадикторност меѓу вештачењата на Обвинителството и одбраната во врска со психичкото здравје на обвинетиот Раде Трајковски Штекли, отфрлајќи ги тврдењата на одбраната дека тој не е способен да ја следи главната расправа за случајот со трговија со дрога, познат како „Штекли“.

Судијата Илија Трпков, кој претседава со Судечкиот совет, на почетокот на денешното рочиште изјави дека приговорот на одбраната е одбиен. Според Судот, психијатриското вештачење направено од д-р Оливера Суботин Поповска јасно укажува дека Трајковски е способен да го следи судењето и да се изјасни за својата вина. Од друга страна, вештачењето на одбраната, изготвено од долгогодишниот личен лекар на обвинетиот, е доведено во прашање поради можност за пристрасност.

„Само во исклучителни случаи се наредува супер вештачење, но во овој случај Судот беше убеден од вештото лице Оливера во однос на способноста на обвинетиот Раде Трајковски да го следи судењето,“ изјави судијата Трпков.

Судот ги разгледал двете вештачења со еднаква тежина, заклучувајќи дека тие не се во суштинска противречност.

На претходните рочишта беа презентирани извештаите за психичката состојба на Трајковски. Одбраната тврдеше дека обвинетиот страда од психотична состојба што го спречува да ја следи постапката, додека Обвинителството застапуваше став дека тој е психички стабилен.

На минатото рочиште, д-р Оливера Суботин Поповска, психијатар од Психијатриската болница во Скопје, сведочеше за вештачењето направено во јули 2025 година за потребите на Обвинителството. Таа потврди дека Трајковски е во добра психичка состојба, иако покажува „магиско мислење“, кое не укажува на халуцинации. Според неа, обвинетиот не ги исполнува критериумите за дијагноза на шизофренија, но има одредени дисоцијални и шизотипни карактеристики, кои не се доволни за да се класифицираат како шизотипно растројство.

Обвинението против Трајковски и уште девет лица е поднесено од Обвинителството за гонење на организиран криминал по обемна едногодишна истрага со примена на посебни истражни мерки. Првично, истрагата опфатила 16 лица, од кои седум веќе признале вина и добиле затворски казни од 3 до 3,5 години.

Четворица обвинети – Данчо Масев, Димитар Трајков, Владимир Веселиновски и Бранислав Зајков – побараа спогодба за признавање вина, по што нивната постапка беше одвоена.

Според Обвинителството, групата функционирала како добро организирана мрежа со поделени улоги за набавка, складирање и продажба на кокаин и марихуана. Дрогата се чувала во изнајмени станови, а цените се движеле од 4.500 до 6.000 денари за грам кокаин и од 200 до 300 денари за грам марихуана. Комуникацијата се одвивала преку апликацијата Snapchat, а клучните докази биле собрани со помош на системот „Cellebrite“ за анализа на мобилни телефони, дониран од САД.

Најнови вести од: Македонија

Македонската култура во фокусот на 35. Меѓународен саем на книгата во Абу Даби

Во рамки на програмата „Балканска култура – почесен гостин“, Македонија на посетителите им претставува дел од своето богато и повеќеслојно културно наследство, како и современата книжевна продукција

Модернизиран команден центар, „Безбеден град“ ставен во функција во Велес

Новиот команден центар е сместен во целосно реконструирани и реновирани простории кои во минатото биле користени од Министерството за одбрана, а потоа околу 15 до 20 години не биле во употреба. Со нивното ставање во функција, СВР Велес добива современ простор од кој се реализираат активностите поврзани со системот „Безбеден град“

Крст во чест на 63-те жртви од „Пулс“ поставен на влезот во Кочани

Овој крст ќе нè потсетува и на болката и трагедијата што се случи овде во нашиот град. На повредените нека им подари здравје, сила и поткрепа да закрепнат и дај Боже постојано да останеме во заедница, во љубов со Бога, со силата на крстот

СДСМ бара истрага за 5,5 милиони евра за прославата

Пет милиони евра народни пари кога ќе се потрошат, граѓаните мора да знаат секој денар, секое евро каде завршило. Владата мора да ги објави договорите, анексите, фактурите, банкарските исплати, примателите, изведувачите, добавувачите и пресметаните даночни обврски

Мицкоски: Потврдувањето на кредитниот рејтинг од страна на „Фич“ е уште една лоша вест за опозицијата

​Три години водат кампања дека секоја година само што не сме банкротирале, буџетот бил без пари, економијата назадувала и така натаму. ​Одговорите стигаат од сите страни, од Светска банка, од Меѓународниот монетарен фонд, еве и од сега од реномирани кредитни агенции како што е „Фич“

To top