Македонија

„СВЕТОТ ЦРТА – ВЕЛЕС ИЗЛОЖУВА“: РЕКОРДЕН БРОЈ НА ДЕЛА НА МЕЃУНАРОДНИОТ СТРИП КОНКУРС

Централниот настан и свеченото отварање на Меѓународниот стрип салон, придружено со прогласувањето на најдобрите трудови, ќе се одржи на 19 август 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во просториите на Европската куќа (Europe House) во Велес.

Велес уште еднаш докажува дека е значаен фактор  на меѓународниот  стрип. Најновото издание на Меѓународниот стрип салон и традиционалната Стрип колонија, организирани од Стрип центарот на Македонија (СЦМ-Велес), започнува во знак на историски успеси – голем бран на пријавени дела на меѓународниот конкурс. Притоа, велешкиот стрип Салон јасно го истакнува чистиот стрип како култура по себе, (без никакви дополнителни општествени и креативни додатоци ) впрочем  и самата стрип култура во себе состои повеќе култури, социјални пораки и уметнички светови. Овие манифестации се финансирани од страна на Министерството за култура на Република Македонија, како и Општина Велес.

Традиционалниот меѓународен конкурс „Златен стрип“ привлече огромен број на уметнички трудови, соборувајќи ги сите досегашни рекорди. Како што извести Томе Трајков од организацискиот тим, наместо ланскиот рекорден број на примени стрипови од 396 автори, годинава нивните пријави се многукратно надминети,(497) со што конкурсот го достигнува својот историски врв по масовност на пријавени уметници од целиот свет.

??

Во пристигнатите трудови доминираат стрипови од македонски автори од разни генерации и градови, што ја потврдува домашната уметничка сила и силниот континуитет на сцената. Сепак, конкурсот има силен глобален карактер — на него масовно учествуваат автори од балканските држави, но и од далечната Азија, Полска, па сè до Нигерија, со што Велес се зацврстува како светска престолнина на деветтата уметност.

Централниот настан и свеченото отварање на Меѓународниот стрип салон, придружено со прогласувањето на најдобрите трудови, ќе се одржи на 19 август 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во просториите на Европската куќа (Europe House) во Велес.

Најнови вести од: Македонија

Димитриевски: Не доликува претседателот на Собранието да не биде присутен на „Илинден“

Се знае редот, за 2 Август секогаш претседателот на државата оди на едно од трите значајни места за Илинден, премиерот оди на второто, а претседателот на Собранието на третото

ТАВ АЕРОДРОМИ: Охридскиот аеродром постави нов рекорд – раст на патничкиот сообраќај од 41% во јули; македонските аеродроми со раст од 28% се меѓу најбрзорастечките во Европа, според ACI Europe

Додека аеродромите во Охрид и Скопје го имаа најуспешниот јули досега, поставувајќи историски рекорди во македонскиот воздушен сообраќај, ACI Europe повторно ги рангира македонските аеродроми меѓу најбрзорастечките во Европа.

To top