Македонија

Тачи се кае што влегол во Европскиот фронт: Ахмети не си го одржа зборот

Лидерот на ДПА разочаран од тој на ДУИ

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, го нападна претседателот на ДУИ, Али Ахмети, откако изрази каење што се вклучил во т.н. Европски фронт.

„Се покајав што влегов во Европскиот фронт. Јас сум таков, кога ќе се договорам, останувам до крај на договорот. И мислам дека мажите и жените кои не остануваат до крај на договорот се нечесни. Прво, господинот Ахмети. Затоа што ние во принцип се договоривме да создадеме фронт“, изјави Тачи за ТВ 21.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top