Македонија

Таравари: Еди Рама ми рече дека коалицијата со Мицкоски е проблем

Лидерот на Алијансата за Албанците за прв пат откри што му кажал албанскиот премиер, Еди Рама, пред лани ВРЕДИ да влезе во владата

 

 

Арбен Таравари открива скандалозен детал од средба со  Еди Рама по пшарламентарните избори во мај минатата година и од сегашна позиција вели дека албанскиот премиер „сигурно знаел“ што ќе ѝ се случи во коалиција ВРЕДИ доколку влезе во Владата.

„Веднаш по 8 мај имав средба со Рама во Тирана. И тој ме праша: „Дали се приклучуваш на Владата?“ „Какви позиции имате?“ реков претседател на Парламентот.

„Супер“, рече тој. Ме праша колку министри имам, реков „шест министри“.

Многу добро. Само една порака. Мицкоски ќе ве искористи, ќе ве експлоатира и ќе ве фрли како партал.

И го паметам ов, вели Таравари:

Рече „ќе излезете многу лошо, бидејќи има четири партии“. Проблем за функционирањето. Го кажа тоа од самиот почеток, рече дека ќе бидете потрошени, злоупотребени и на крајот ќе останете како партал.

И навистина, останавме такви. Почнаа да не нè прашуваат и да нè игнорираат и навистина изгледавме многу лошо“, рече Таравари на TëVë1, пренесоа медиуми.

Најнови вести од: Македонија

Стопанската комора добитник на меѓународна награда за општествена одржливост

Иницијативата на Стопанската комора на Македонија за унапредување на декарбонизацијата и корпоративната одржливост е меѓу трите највисоко оценети иницијативи од целиот свет на ISAR Honours 2026, признание на Меѓувладината работна група на експерти за меѓународни стандарди (ISAR) при УНКТАД – UN Trade and Development.

„Н.М“: Европската цел не значи дека секоја понуда од ЕУ е автоматски добра за Македонија, сѐ треба да се одмери колку им одговара на македонските интереси!

„Не е прашање дали Македонија ќе биде во Европа, туку колкава цена ќе треба да плати, под кои услови и со колкаво право да одлучува за сопствената иднина.“ = се нагласува во анализата со наслов „ЕУ-интеграцијата не е линеарен пат од кандидат до полноправна членка“, која е објавена во дневниот весник „Нова Македонија“.

To top