Македонија

Таравари: Политички архитект на ВРЕДИ беше Албин Курти

Косовскиот премиер имал значително влијание врз одлуката на лидерот на АА да се приклучи на ВРЕДИ

 

Лидерот на Албанската националистичка партија, Арбен Таравари, даде силна изјава во врска со вмешаноста на премиерот на Косово, Албин Курти, во формирањето на коалицијата ВРЕДИ во Македонија, објави порталот Телеграфи.

Таравари изјави за „Еуроњуз Албанија“ дека Курти имал значително влијание врз неговата лична одлука да се приклучи на ВРЕДИ. Тој дури оди и подалеку опишувајќи го премиерот на Косово како архитект на оваа коалиција на Албанци во Македонија,

„Тој дефинитивно имал влијание. Често велам дека политичкиот архитект на ВРЕДИ беше господинот Курти, и без неговите гаранции немаше да ја донесам одлуката да се приклучам на ВРЕДИ“, рече Таравари.

Коалицијата ВРЕДИ, според Таравари, се покажа како нефункционална и нестабилна.

Тој нагласи дека ја напуштил коалицијата бидејќи соработката со другите партии во ВРЕДИ била „летаргична“ и неефикасна.

Таравари призна дека, во еден момент, сите членови на коалицијата се согласиле дека внатрешното функционирање е слабо и одлучиле дека до локалните избори, секој ќе дејствува независно.

„Но, како лидер на партијата, имам обврска да размислам каде ќе биде мојата партија во 2026 година и понатаму. Ако го оцениме напредокот до локалните избори, мислам дека не сме постигнале многу. Поразумно е Алијансата за Албанците да следи јасен пат и да се развива како независна партија што функционира самостојно“, заклучи тој.

Најнови вести од: Македонија

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top