Македонија

Тежок удар за Ахмети и ДУИ: оставка на Насер Халити од раководната позиција во огранокот во Петровец, ги обвинува дека станале „роднинска структура“!

Медиумите на албански јазик во Македонија ја нагласуваат во прв ред жестоката критика на партискиот ветеран уште од почетоците на основањето и дејствувањето на ДУИ Халити, сега веќе дел на Демократското движење и на Вреди, дека неговиот досегашен шеф Али Ахмети и неговите истомисленици ги „подготвуваат своите деца да ја преземат власта во партијата, која нема повеќе никаква врска со првичните идеали“!

Уште еден тежок удар врз опозициската ДУИ доаѓа овојпат од Петровец: Насер Халити, досегашен шеф на огранокот на ДУИ во оваа општина, ја објави својата неотповиклива оставка по 23 години ангажман во партијата на Али Ахмети.објави информативниот портал на албански јазик „Актуале“.

Натаму порталот наведува: Во својата објава на фејсбук Халити нагласува дека причината за неговото заминување е недостатокот на реформи, возобновувањето на истите личности и подготовката на нивните деца да ја наследат власта во партијата. Според Халити, „тоа ја претвора ДУИ во непотистичка структура која изгубила секаква врска со своите првични идеали“.

Халити порача дека отсега ќе продолжи со својот политички ангажман во Демократското движење, како дел од владејачката коалиција Вреди, каде што наведува дека „гледа принципи, визија и простор за градење поинаква иднина“. – објави „Актуале“.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top