Македонија

Тошковски: Гостиварци добија техничка вода

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, но потсети дека може да се користи само за хигиенски потреби

По повеќеркатни испитувања на водата во Гостивар, анализите покажвуаат дека конечно водата може да се користи за капење и сите останати домаќински потреби, но не и за пиење, ниту пак за подготвување на храна.

Тошковски на прес-конференцијата во Гостивар посочи дека ќе се продолжи со обезбедување на флаширана вода за пиење.

„Во координација сме со Општината во делот на сето она кое треба да се преземе понатаму. Сакам лично да изразам благодарност, прво на гостиварчани за нивното разбирање, потоа и на сите експерти кои помогнаа да дојдеме до оваа фаза, техничка вода. Се надевам до сите одговорни во рамки на опшините, се надевам дека ова ќе биде за памет и дека ќе постапуваат максимално професионално и во делот на квалитетот на водата, затоа што играње со здравјето на граѓаните нема“, рече Тошковски.

Експертите пак, велат дека се земале шест примероци, а кај сите примероци, три дена последователно било констатирано дека водата може да биде за техничка употреба.

Во следните денови, ќе има повеќе места каде ќе се мери квалитетот на водата во Гостивар, а се надеваат и дека во наредните денови, водата повторно ќе може да се употребува и за пиење.

Водата во Гостивар во моментов може да се користи за миење на садови и за капење, односно за се освен за пиење и подготвување на храна.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: Новиот мобилен оператор ќе ја користи мрежата „Старлинк“ на Илон Маск

На прашањето дали телекомуникациската компанија „4iG“ гради сопствена 5G мрежа, Николоски за „360 степени“ вицепремиерот рече дека веќе најавиле стратешка соработка и дека Македонија ќе биде меѓу првите земји во кои директно ќе се имплементира оваа технологија

To top