Македонија

Тошковски ќе соопшти повеќе детали за трагедијата во Карпош

Утрово обвинителството соопшти дека мајката и детето биле сами во станот и заклучени од внатрешна страна

За 12 часот и 30 минути пред зградата на МВР закажана е вонредна прес конференција на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

На прес конференцијата се очекува да бидат соопштени повеќе детали за вчерашната трагедија во скопски Карпош.

Утрово обвинителството соопшти дека мајката и детето биле сами во станот и заклучени од внатрешна страна.

Сопругот на жената и татко на малото девојче е задржан во полициска станица и по наредба на јавниот обвинител се преземаат дејствија за испитување на евентуална кривична одговорност, соопшти Обвинителството.

Се проверуваат мобилни телефони и се екстрахираат податоци…

 

Објавен идентитетот на сопругот на загинатите мајка и ќерка

 

Тошковски: Пред падот од балкон интервенирала полиција, но жртвата негирала дека била тепана(ВИДЕО)

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова се сретна со првиот човек на „Браќа Манаки“ и претседателката на Друштвото на филмски работници

Посебен печат на 47. издание му дава присуството на славни имиња од светската кинематографија, меѓу кои и Дан Лаустсен, добитник на „Златна камера 300“ за животно дело и Џеф Кроненвет, кому му се доделува специјалната „Златна камера 300“, за особен придонес во филмската уметност

To top