Македонија

Трагедија во Петровец: градежниот работник Е.А. (23) од Велес вчера почина, откако паднал врз него тежок профил при градба на објект

Несреќата се случила во индустриска зона на подрачјето на општина Петровец, при изведување работни задачи на објект во изградба на фабрика. Според МВР, Е.А. од здобиените повреди починал на самото место.

Случајот бил пријавен вчера во 15 часот во СВР Скопје.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. За настанот е известен трудов инспектор, а извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Најнови вести од: Македонија

To top