Македонија

Трајче Грозданов од Росоман има 101 година! Во среќен брак 72 години, има четири сина, осум внуци и 11 правнуци!

Здравата храна и живот без нервози, тоа „формулата“ за долговечност на Трајче Грозданов од Росоман. Цели 72 години е во брак со неговата сопруга Загорка, која е влезена во 94-та година од животот.

– Се школував за авиомеханичар во Рајловац, Босна и Херцеговина. Во животот многу се движев, бев автомеханичар и по цел работен ден поправав комбајни и други земјоделски машини, во земјоделска задруга. Поправајќи, со часови се вртев околу најразлични машини, постојано во движење. Кога се пензионирав, години и години поминав во пешачење, со километри, секое утро од разденување, до изгревање на Сонцето – ни раскажа тој.

Рано легнува и рано станува, секогаш обрнува внимание добро да се наспие. Вели, има рутина во јадењето – оброци секогаш во исто време, последниот, лесен, неколку часа пред спиење. Никогаш не се прејадува. За појадок главно јогурт, лимон и мед, за ручек манџа со што помалку месо, вечера избегнува или каснува нешто лесно како варен ориз или компир или само овошје или домашен компот. Не сака пржена храна. Низ годините, многу од земјоделските производи што ги внесувал во исхраната, биле од домашно производство, без хемија.

Заедно со сопругата изгледале и одомиле четири сина, сега живеат со едниот од синовите и снаата. Низ годините, во регионот што е најпознат по производство на праски во државата, заработувале и обработувале пиперки, афион, тутун, лозје. Но, ни кажа дека иако работеле со тутун и грозје, многу малку време во животот пушел цигари, а вино и ракија, дегустирал главно во младоста.

– Знам дека не ви се верува дека, ете, во Тиквешијата како најголем регион за грозје, вино и ракија, некој не е по пиењето. Со децении не сум се напил вино или ракија. А порано, во младоста, ми се случувало да наздравам за здравје и среќа – откри тој. Патем ни раскажа и една интересна анегдота, како се откажал од пушењето цигари, кои ги користел кратко во младоста.

– Едно време многу ги поскапија. Ми се чини, ако беа осум динари, ги направија на триесет динари. Падна облог меѓу другарите, кој ќе престане да пуши, добива балонче со ракија. Така ем поради поскапувањето, ем за да го добијам облогот, имав цврста волја и одлучност и завршив со цигарите. А балончето ракија на неколкупати го дегустиравме заедно со другарите – се присети тој на младоста.

Со години, не пие ниту кафе и рече дека воопшто не му недостасува. Времето го поминува главно со сопругата, со која имаат осум внуци и 11 правнуци. На шега ги прашавме не ли им е досадно по речиси осум децении поминати заедно, а тие со многу позитивна енергија одговорија дека убава им е живејачката, си го минале животот во слога и разбирање, без нервози.

Дедо Трајче се сети и на една друга анегдота од неговиот живот. – Кога бев на лекар на редовна контрола, лекарот ги повика колегите да ме видат, оти немале видено човек на толку години. Постар од мене, немале видено – ни раскажа тој.

Го прашавме дали можеби има договор со судбината, колку години да изживее, а тој само се насмевна и рече дека никаков договор и тајна за долговечност нема, судбината едноставно самата сакала така да биде. Да се крепат со сопругата долги години. – Не се даваме – насмеана додаде и таа, бакнувајќи го во образот и шегувајќи се, дека таа ќе го надмине во долговечноста, дека ќе поживее повеќе од него.

Македонска информативна агенција – МИА

Најнови вести од: Македонија

Ѓероски: Филмот „Враќањето на бугарскиот Цар Самуил во татковината Бугарија“ е пропаганда и мизерија на најјако!

Ете баш вака изгледа „заедничката историја“ на европејски начин. Сите коски се бугарски! Политичка митологија и пропаганда пуштени на најјако. Грда и болна демонстрација на сила. Мизерија. А допрва ќе мора да признаеме дека нашата „заедничка историја“, всушност, е туѓа. Дека сме ја украле. Дека сме фалсификатори и лажговци. Дека, всушност, сме измислени и дека не постоиме. Уште има некој кому ова не му е јасно? Ова го истакнува новинарот Бранко Ѓероски во својата колумна со наслов „Цар Самуил се враќа во ‘татковината Бугарија’ со самолет, aj па ние утре Гоце Делчев ќе им го вратиме со дрон!“, објавена во порталот „Плус инфо“.

Манасиевски до Кузеска: Вие сте предавници, ВМРО ДПМНЕ е против „Бугари во Устав“ под бугарски диктат!

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистина“ гостуваше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски кој се осврна на актуелните случувања поврзани со уставните измени и односите со Бугарија и порача дека ВМРО-ДПМНЕ е против уставни измени под бугарски диктат.

Шамбевски: Бугарија чини катастрофално погрешен чекор во однос на Македонија со моштите на Самоил! Може да ги пренесе, но не и Самоиловата тврдина од Охрид!

Споменот на Царот Самоил е во многу нешта заслужен за развивање на македонскиот национален идентитет и како таков бил светилник во најтемните денови на овој народ. Неговите коски можете да ги преместите колку сакате. Но, планините, езерата, градовите и историските траги не ги собира во ковчег!“ – реагира Оливер Шамбевски, македонски политичар и поранешен амбасадор на Република Македонија во низа светски држави, во врска со циркусот така наречен „враќање на моштите на цар Самуил во Бугарија“.

ВМРО ДПМНЕ: Каракачанов да си ги покани во Бугарија Заев и Филипче на пренесување на моштите на цар Самоил, кој има неизбришлива трага за Македонија!

„Во однос на поканата на Каракачанов до лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Мицкоски за присуство на пренесување на моштите, посоодветно е таа покана да ја испрати до неговите истомисленици Зоран Заев и Венко Филипче.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ кон Красимир Каракачанов. Претходно, во текот на овој ден, на 30 септември 2026 година Красимир Каракачанов, во улога на претседател на бугарската партија ВМРО и поранешен бугарски вицепремиер му упати дрска и провокативна покана на лидерот на ВМРО ДПМНЕ и претседател на Владата на Македонија Христијан Мицкоски „да присуствува на 3 октомври 2026 година на враќањето на посмртните останки на големиот бугарски владетел цар Самуил во неговиот роден град, во Софија, како знак на почит кон една од најзначајните личности во нашата заедничка средновековна историја“!

Македонија со стабилни девизни резерви, банките со солидна ликвидност

Во својот најнов извештај за нашата земја, меѓународната рејтинг-агенција „Фич“ ги нагласува кредибилноста и континуитетот на монетарната политика на Народната банка, како и стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор. Агенцијата оценува дека долгорочната посветеност за одржување стабилна монетарна политика, поддржана од фиксниот курс на денарот кон еврото, претставува важен фактор за макроекономската стабилност.

Ќе дадеме јасна предност на сериозни, добро осмислени и одржливи проекти, рече министерот Сулејмани за Годишните конкурси

Министерот ги повика уметниците, здруженијата, независните културни организации и сите заинтересирани апликанти да ги разгледаат условите на конкурсите и навремено да ги поднесат своите проекти.

Големата еко-акција: 30.000 граѓани засукаа ракави – ќе го чистат Скопје од ѓубре

Околу 30.000 граѓани денеска се приклучија на големата акција за расчистување на Скопје, во рамки на која илјадници сограѓани, заедно со градоначалници, претставници на амбасади, јавни личности, млади и волонтери, со заеднички ангажман придонесоа за почист и поуреден град.

Најнови вести

To top