Македонија Бизнис

Треба да се насочиме кон вредност, а не бројка – помина времето на инвестиции за илјадници луѓе

Наместо кон странски инвестиции кои ќе вработуваат илјадници луѓе, Македонија треба да се насочи кон инвеститори кои ќе понудат поголема додадена вредност, а не само бројка. Ова, меѓу другото беше посочено денес во Стопанската комора на Македонија каде што домашни и странски експерти дебатираа на темата „Во време на турбуленции во глобалната трговија и во финансиските […]

Наместо кон странски инвестиции кои ќе вработуваат илјадници луѓе, Македонија треба да се насочи кон инвеститори кои ќе понудат поголема додадена вредност, а не само бројка. Ова, меѓу другото беше посочено денес во Стопанската комора на Македонија каде што домашни и странски експерти дебатираа на темата „Во време на турбуленции во глобалната трговија и во финансиските текови: Патот напред за македонската економија“. Притоа беше посочено дека светот се соочува со драматични промени, и дека и нашата земја, но и светот се соочува со големи предизвици – од геополитички тензии и прекинати синџири на снабдување, до флуктуации на финансиските текови и растечка неизвесност. Според учесниците на дебатата, покрај квалитетот и дисперзирањето на странските инвестиции, треба да се обрне внимание и на грижата за задржување на постојните инвеститори кои и понатаму ќе вложуваат во проширување на капацитетите, но и на важноста домашните компании да се вклучат во унапредување на производството и во синџирите на снабдување, што е една од слабостите во изминатиот период.
  • Целиот свет драматично се промени, зборуваме за евтина работна сила, за привлекување инвестиции… Гледаме дека во последните 18 месеци компании во Србија, Бугарија, Романија, кои се трудоинтензивни и имаат 2-3 илјади вработени си заминуваат, бидејќи не може да најдат вработени и не се доволно конкурентни. Мора да бидеме свесни за тоа. Она што го имаме во нашата земја, тоа Мароко, Тунис, Египет го имаат повеќе, не само поевтина работна сила туку имаат и бројка, повеќе млади луѓе на годишно ниво отколку кај нас за 20 години“, истакна Виктор Мизо, претседател на Советот на странски инвеститори, VP Government Affairs – KOSTAL Group.
Како што посочија учесниците на дебатата, денес Македонија не е локација за аутсорсирање и неколкуте илјади луѓе во ИТ секторот, кои што ги имаат по 25 години не треба да се „продаваат“ за 800 евра месечно, туку за 5.000 евра.
  • На ‘Гугл’, ‘Мајкрософт’… им се допаѓа Западен Балкан затоа што квалитетот  на луѓето овде е одличен, но регионот е прескап. Вистинската конкурентност е во Нигерија која што има стотици милиони луѓе и нудат ист квалитет на услуги за десет отсто од цената во регионот. Тоа е реперот“, истакна Јирген Капенман, основач и партнер, Policultancy, додавајќи дека сега Западен Балкан се соочува со силна конкуренција, и дека се потребни повеќе капитално интензивни проекти, роботизација, автоматизација…
Според Мизо, треба да бидеме реални и дека да се привлече компанија со 2 илјади вработени е речиси невозможно, како и дека мора да размислуваме за инвестиции до 500 вработени.
  • Значи не е работата да се ‘изедат’ едни инвеститори со други или новите со постојните, туку главната идеја на СДИ не треба да биде создавање работни места, туку создавање вредност. За тоа да се случи потребно е да им се помогне на постојните компании со процесот на афтеркеар, а знаењето на луѓето кои работат во институциите треба биде во сооднос со потребите на индустријата“, рече Мизо, додавајќи дека  субвенциите може да дадат резултати на краток рок, но не на долг рок, како и дека треба да се одберат неколку сектори каде што имаме конкурентна предност и да ги знаеме добро кои се врвните компании во тие сектори.
Џакопо Детони, главен уредник на угледниот магазин fDi Intelligence на Financial Times посочи дека живееме во уникатен историски период и дека има три главни фактори кои ги одредуваат овие уникатни околности, при што ги посочи геополитичките нарушувања, енергијата и енергетската транзиција и технолошките нарушувања кои ги носи дигитализацијата на економијата. Според него, овие фактори изиграле слична улога во времето на Британската империја, при што геополитичкиот баланс меѓу Истокот и Западот бил целосно превртен. Според него, денеска се што е економска безбедност е и национална безбедност, односно од аспект на инвестициите прашањето е колку одредена инвестиции може да придонесе за економската безбедност и за националната безбедност, што е интегрирано и во политиката на американскиот претседател Доналд Трамп.
  • Како земја во развој, целта е да се подигне профилот на економијата за што можат да придонесат странските инвестиции“, рече тој.
  • Дури и мали земји како Македонија ќе може да ‘играат’ на силните страни кои ги имаат и да го најдат местото во новиот глобален поредок. Може да биде позитивно, или негативно, но не е веќе статус кво, ова создава можности за сите“, додаде Детони. Тој се осврна и на улогата на агенциите за привлекување странски инвестиции при што рече дека тие треба да имаат и советодавна улога, а не да се потпираат исклучиво на маркетингот.
Главниот економист во Стопанската комора, Зоран Јовановски, акцентот го стави на неодржливоста на трговскиот дефицит на долг рок, укажувајќи дека во последните 15-тина години дефицитот во трговската размена со светот изнесува 21 отсто од домашниот бруто-производ.
  • Колку долго може да го финансираме таквиот дефицит“, праша тој, посочувајќи дека на краток рок тоа може да се прави со приливите од странство, односно со приватните трансфери или со вишокот кој што го овозможуваат услугите.
Тој нагласи дека на прашањето како да се зголеми приливот на девизи и од кои индустрии одговор може да го даде науката и да се има системски приод. Според него потребно е да се фокусот да се стави на нето извозните компании, како и да се привлекуваат висококвалитетни странски директни инвестиции. Претседателот на Собранието на Комората и сопственик на „Ултра“, Антони Пешев во фокусот на дискусијата го стави информатичко технолошкиот сектор, како двигател на економскиот развој. Според него потребни се брзи чекори, во спротивно, како што кажа „ќе не поклопи цунами“, мислејќи на промените кои ги носи вештачката интелигенција и нејзиното влијание врз економските текови.
  • Деца собрани во помалку од 3.000 компании прават приходи од 1,5 милијарди без никакви владини субвенции, не извезуваат, не транспортираат, не трошат минерални ресурси, само седат и типкаат на тастатурите“, рече Пешев, зборувајќи за влијанието на ИТ секторот врз домашната економија. Притоа, додаде дека овие 1,5 милијарди се под закана, и дека тие ќе треба да се пресоздаде од нула.
  • Потребна е акција, треба да инвестираме во вештачка интелигенција, никој не е свесен колкаво цунами не очекува, а ќе има огромен ефект врз нас, како општествен, така и врз работната сила и политиката“, рече Пешев.
Тој предупреди на проблемот со заминување на младите од земјава и нагласи дека мора да сме многу внимателни.
  • Таквиот процес треба да го запреме веднаш зашто во нив сме инвестирале многу. Тоа е единствениот потенцијал на кој можеме да се потпреме. Луѓето кои треба да го контролираат ова цунами се постари од 60 години, тие не се ни свесни што ќе се случи. ќе бидеме заменети со уред или машина која ќе носи одлуки место нас“, рече Пешев.
Според него, ваквите трендови може да го уништат единствениот сектор кој лани генерираше 1,5 милијарди приходи, и кој  според него бил единствената индустрија со која успеавме да се натпреваруваме надвор.
  • Тутунската индустрија иако е  традиционална, никогаш не оствари повеќе од 100 милиони извоз. Четвртина од нашето производство за одбранбената индустрија порано беше тука, но веќе исчезна. Десет години немам слушнато ништо“, рече Пешев.
Зоран Ставрески, поранешен вицепремиер и министер за финансии рече дека 12-13 земји од Европа успеале помеѓу 1990 и 2025 да се придвижат од земји со среден приход до земји со висок приход. Десет од тие земји се во регионот на Средна Европа, а другите две се Грција и Малта.
  • Она што ние се обидуваме да дознаеме е кога Македонија ќе биде класифицирана во групата земји со висок приход“, рече Ставрески. „Со оглед на тоа што бев 9-10 години во владата и министер за финансии со најдолг стаж, можеби беше и предолго, седум години, мислам дека е правично да се каже дека клишето за водењето на економијата колку што е наука толку е и уметност“, додаде тој.
Притоа, посочи дека кога станува збор за наука, зборуваме за модел на раст.
  • Ако не сте паметни, ќе создадете тим и ќе направите модел за раст. А Македонија како мала земја без значителни ресурси очигледно е дека треба да остане отворена и треба да извезува за да преживее“, рече Ставрески.
Вистинскиот предизвик, според него, е кога станува збор за водењето на економијата од другиот аспект и дека таму е вистинскиот предизвик на секој креатор на политики. Тој се осврна на важноста на претпријатијата, капиталот, продуктивноста како фактори на растот, но и на проблемите во образованието, признавајќи дека политиката на отворање универзитети во речиси секое место не ги дала посакуваните резултати, пред се во поглед на креирање квалитетни кадри кои ќе придонесат за економскиот раст на земјата. Тој додаде дека сега активно се работи со Комората и со Македонија 2025  на воспоставување модел кој ќе ја одржи македонската конкурентност во однос на подобро стручно образование.
  • Првите десет години беа успешни за привлекување на СДИ Имавме проблем со висока невработеност, го решивме тоа со поддршка на таквата стратегија, но сега сме во друга фаза и ни требаат други приоритети“, рече Ставрески, додавајќи дека во земјава има доволен број мали претпријатија, но треба да се работи на зголемување на квалитетот на производите кои што го нудат бидејќи нема доволен број на мали и средни фирми кои се шират и растат доволно за да извезуваат или да се придвижат во групата на големи претпријатија.
  • „Во тој однос не бевме многу успешни, во поглед на интегрирање на тие претпријатија, бидејќи идејата беше не само да се привлечат СДИ туку да дојде технологија, а домашните претпријатија да станат дел од синџирите на снабдување на тие странски инвеститори“, рече Ставрески, додавајќи дека благодарејќи на Македонија 2025 сега има добри програми кои ги поддржуваат нашите млади раководители да ги подобрат раководните и другите вештини.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Секоја четврта фирма не издавала фискални сметки, УЈП со куп неправилности во евидентирање на прометот

Активистите на УЈП не значат повеќе контроли и повеќе казни, туку разни мерки. Минатата година фокусот бил ставен на угостителството, трговијата на мало и некои услужни дејности.

(Видео): Нема потреба од кризна состојба, вели премиерот

Факт е дека во државата цената на нафтата, односно на нафтените деривати е најниска во споредба со земјите од соседството. Ваквата ситуација, според премиерот, од една страна е добра, но од друг аспект создава, условно кажано, проблеми бидејќи граѓани од соседните земји доаѓаат во земјава за да ги наполнат резервоарите на возилата, пред сè со дизел-гориво. Тоа, како што рече Мицкоски, особено се случува на бензинските пумпи во пограничните општини.

Мицкоски: Менкиноски не е криминалец, туку чесен граѓанин, кому „грев“ му е застапувањето на правата на Македонците! – ЕУ да го осуди ова однесување на Бугарија!

Премиерот Христијан Мицкоски јавно го осуди тоа што се случува со адвокатот Тони Менкиноски, кој доби црн печат од граничната полиција за влез во Бугарија до 2036 година, оценувајќи дека „тоа е лоша порака“ и дека „тоа директно влијае врз имиџот на самата Европска Унија, доколку не излезе со осуда на ваквото однесување“.

Владата го предложи судијата во Кривичниот суд Ненад Савески за нов државен јавен обвинител

Владата денеска го предложи судијата од Кривичен суд, Ненад Савески за нов државен јавен обвинител. Предлогот на Владата треба да биде изгласан од Собранието. За изборот на државниот обвинител се потребни 61 глас. Портпаролката на Владата Марија Митева на денешната прес-конференција истакна дека Владата се раководела од принципите на професионалност, интегритет, стручност и доследна посветеност на владеењето на правото. -Ненад Савески е судија во Кривичниот суд и во текот на својата професионална кариера има изградено репутација на правник со долгогодишно искуство, препознатлив по својата стручност, професионален интегритет и посветеност на принципите на законитост и правда, рече Митева.

Наставник (52) од Средното уметничко училиште во Скопје барал од 18-годишна ученичка да имаат сексуални односи – Полицијата го уапси!

СВР Скопје објави дека е уапсен наставник од средно училиште во Скопје поради вознемирување на 18-годишна ученичка од која барал да имаат сексуални односи. Станува збор за наставник од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“, кого ученички го пријавиле кај директорот. Потоа бил суспендиран и била поднесена пријава против него во полиција.

Македонски Телеком воведува нов комуникациски концепт за сите корисници, без бариери и со неограничен интернет

Македонски Телеком воведува нов комуникациски концепт за сите корисници, првпат на пазарот, без бариери во поврзувањето и со вредни дополнителни услуги, што ќе овозможи многу повеќе слобода и сигурност во секојдневната комуникација.

Стојкоски: На повеќе од 30 бензински пумпи имало прекин во точењето гориво, но продолжија, по дополна на резервоарите

Директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски денес информираше дека над 300 инспекциски контроли се извршени на бензинските пумпи во државата за да се провери дали се точело гориво под пазарни принципи по одлуката за зголемување на цените од полноќ.

Најнови вести

To top