Македонија

Треба долгорочно да се преосмисли натамошното чекорење по европскиот пат и каква Македонија мораме да им оставиме на идните поколенија

Република Македонија „прослави“ вчера, на 9 ноември, неславен јубилеј: изминаа 20 години од престојувањето во „еврочекалницата, откако истиот ден во 1995 година ЕУ ја донесе својата одлука да и додели статус како земја-кандидатска зе евроинтегрирање.

Пишува: Свето Тоевски

Во овие две децении Македонија доби десеттина позитивни препораки, ама и десеттици вета и блокади од Грција и Бугарија. Се соочи македонската држава со тешкото лицемерие на Брисел и неговите еврочелници, со двојните аршини и стандарди, со внесувањето на билатералните прашања во евроинтегративниот процес… Се судривме и со правото на посилниот, со правото на Бугарија и Грција дека имаат „посилни европски мускули“ одошто Македонија, само затоа што се членки на ЕУ, небаре е таа некаква „европска џунгла“, а не цивилизациски клуб со демократски вредности и владеење на правото на еднаквоста. Во почетните години еврокандидатката Македонија беше прогласувана напати и како „регионален лидер“ во реформите, како „ѕвезда на балканското небо“, сѐ само да ја направи оваа, па онаа отстапка, да го смени знамето од Кутлеш, па името, па… Од „лидери“ и „ѕвезди“ станавме „балкански евросираци“, зашто како во случајот со Грција, така и сега ЕУ стана за Бугарија „добра мајка“, а „лоша маќеа“ за Македонија.

Во изминативе 20 години „еврочекалницата“ се претвори во „евродробилница“ на македонскиот идентитет, на карактерот на македонската држава, на нејзиниот суверенитет, а сега Лаен, Кос, Калас, Кошта и Русопулос бараат „ништо помалку и ништо повеќе“ од промена на уставот, за да се „вдоми“ во него „државотворниот бугарски народ“. Дали сме подготвени да чекаме и следните 15-20 години чекање за влез во „елитниот европски клуб“, или ќе го преосмислиме патот кон кон нашата, македонска иднина?

Кога се обмислува што да се прави натаму со апликацијата и стремежите на Македонија за влез во ЕУ, од клучно значење е одговорот и на прашањето: колку се земаат предвид интересите на идните македонски поколенија во сите овие досегашни евроинтеграциски напори? Дали претпоставеното целосно исполнување на „добрососедскиот договор“ со Бугарија и внесувањето на Бугарите во македонскиот устав би обезбедило подобра сегашност за оваа постојна генерација на македонскиот народ и за другите македонски граѓани, но и дали би создало услови за просперитетен живот на идните генерации на Македонците и другите етникуми во Македонија?

Пред да се обидеме да ги изнесеме можните одговори на овие прашања, ќе пренесеме дел од клучните согледувања во инспиративната анализа „Идните генерации како слепа точка на демократијата во Европа“ на д-р Алберто Алемано, професор по европско право во Високата школа за напредни бизнис-студии во Париз и научен истражувач во Програмата „Иднината на Европа“ во Институтот за хуманистички науки во Виена, во Австрија. Тој е еден од водечките научници за иднината на ЕУ и на Европа. Во својата анализа, објавена на 20 февруари 2024 година, Алемано истакнува дека Европската Унија беше замислена од своето основање како проект наменет не само за сегашните генерации, туку и да ги заштити идните генерации.

„Но, се разоткрија фундаменталните недостатоци на системот на ЕУ, кој е способен да одговори само на сегашноста. Идните генерации немаат права, ниту претставување во донесувањето одлуки во ЕУ денес. Во овие околности, во кои неродените генерации нема да имаат место на масата, ниту креаторите на политиките, ниту политичките лидери не се поттикнати да размислуваат и да дејствуваат долгорочно На институциите на ЕУ им недостасуваат алатки за систематско обликување политики за иднината.“ – посочува Алберто Алемано.

Овој политички експерт предупредува дека идните генерации се слепа точка во моделот на ЕУ, и покрај долгорочната природа на европскиот проект. Сепак, во исто време, постојат семиња на промени. Растечката загриженост за долгорочните опасности ја крева јавната свест за важноста на долгорочното размислување како приоритет.“ – укажува професорот Алемано.

Осврнувајќи се на прашањето како да се обнови долгорочното размислување на ЕУ, Алемано изнесува дека ЕУ треба треба да ги вгради интересите на наредните генерации во своето долгорочно размислување и одлучување. „ЕУ треба да основа своја нова посебна институција, наменска канцеларија за идните европски генерации. Постојат многу национални примери на институции, од кои ЕУ може да учи: во Финска, Унгарија, Малта, Шведска и Велс, кои веќе имаат такви посветени тела. Надвор од Европа има во Канада, Израел и Уругвај. На глобално меѓународно ниво претстои назначување специјален пратеник на Обединетите Нации (ОН) за идните генерации. Треба да се именува и европски комесар за идните генерации, кој може да помогне во обновувањето на визијата на ЕУ за иднината на Европа.“ – заклучува Алберто Алемано во својата анализа, посветена на иднината на ЕУ и на нејзините наредни генерации.

Како што ги нема интересите на идните европски генерации на масата во Брисел, на која се донесуваат одлуките, таму уште помалку ги има интересите на оваа и на следните генерации на Македонци и другите граѓани на Македонија. Во овој момент од геополитички причини на Урсула фон дер Лаен и еврокомесарите им се потребни само Украина, Молдавија, Црна Гора и Албанија. И никој друг. Барањето да се спроведат реформи во Македонија е најобично „кревање чадна завеса“ на ЕУ, за да ја скрие својата единствена и главна цел: да издејствува само нова промена на уставот во полза на официјална Софија и потоа да ја поттурне Македонија не на европската периферија, туку во бездната на непостоењето како држава.

Професорот Роберто Алемано наведува драгоцен совет, кој ќе треба да се примени и во случајот на Македонија: потребно е долгорочно размислување и системско обликување политики за иднината, тој вели на Европа, а ние дополнуваме, на иднината на Македонија и следните генерации на македонските граѓани. Кажано со речникот на овој врвен експерт, не смее да се размислува само кусорочно за „европскиот пат на Македонија“, туку кај би нѐ одвело како држава и како граѓани сите заедно „чекорењето на тој пат“. Би морало многу подолгорочно да обмислиме кои и какви би биле последиците од прифаќањето на барањата на Бугарија, кои се веќе и барања на ЕУ. Дали и каква Македонија би им оставиле на идните поколенија на македонскиот народ и на другите македонски граѓани?

„Треба да се ‘посеат семиња на промени’ и да се крене јавната свест за идните генерации.“  – нагласува д-р Алемано. Да, потребни се „семиња на промени“ и во македонската државна евроинтеграциска политика  и максимално крената јавна свест за наредните генерации на Македонците и другите македонски граѓани, за тоа какви намери има ЕУ со нас како држава и како народ и граѓани. Земајќи ги предвид согледувањата на Алемано, се наметнува уште едно важно прашање: зошто да не се основа Канцеларија за идните генерации во рамки на Министерството за европски прашања, или уште подобро како меѓуресорски орган на на Владата на Република Македонија, според примерите на Финска, Унгарија, Малта, Шведска и Велс, Канада, Израел и Уругвај, кои веќе имааат вакви тела, но на други нивоа во нивните политички системи? 

Таквата Канцеларија, интегрирајќи и спроведувајќи во своето функционирање различни аспекти на владините политики, би можела да помогне многу во редефинирањето на визијата за влегувањето на Македонија во ЕУ од гледна точка на нашите следни поколенија. Поколенија, кои исто така имаат право да живеат во Европската унија, ама во реформираната Европска унија на суверени нации и во онаа нова суверенистичка Европа, кои веќе се раѓаат.

(Авторот изнесува во оваа анализа согледувања од сопствена политиколошка анализа, кои немаат никаква поврзаност со ниедна политичка партија во Република Македонија. Согледувањата на авторот не се став на редакцијата на „Експрес“).

„Нова Македонија

 

 

Најнови вести од: Македонија

Граѓаните со душа чекаат нормален паркинг на Клиника, оти со саати кружат барајќи место

Нема повеќе никакви пречки да се градат катни гаражи во кругот на клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Владата, на последната седница, донесе одлука за решавање на проблемот со паркирањето во Клиничкиот центар. Според Владата, со оваа одлука се создава правна основа за потпишување договор меѓу Министерството за здравство и Градот Скопје.

Трендафилов се претставува како жртва, а зема плата од скоро 1.000 евра, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

Од пратеничката група сметаат дека Слободан Трендафилов ќе остане запаметен како „синдикалец“ кој нема склопено ниту еден договор корисен за македонскиот работник во текот на целиот негов мандат. Сметаат дека нападот врз Стојаноска е само доказ за немоќта на еден функционер кој го изгубил компасот и велат дека Трендафилов треба веднаш да си поднесе оставка и наместо да глуми жртва по медиуми, да подготви одбрана пред истражните органи за своето расипништво.

За пратениците на ВМРО-ДПМНЕ видеото со децата на Трендафилов не е напад врз семејство

За пратениците на ВМРО-ДПМНЕ објавеното видео не е напад, туку „огледало во кое Трендафилов не може да се погледне“, а „нападот“ врз Стојаноска бил само доказ за немоќта на еден функционер кој го изгубил компасот и кој кога нема аргументи, се служи со навреди и етикетирања.

(Фото): Претседателот на ССМ, Трендафилов, бара истрага – вели: „Ми ги следат децата“

Во пресрет на блокадата од страна на ССМ кон бизнис секторот, а во врска со барањата за минималната плата и повисоки плати на работниците, претседателот на ССМ Трендафилов побара сите надлежни институции да реагираат на објавата на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска. Трендафилов бара кривичен прогон за лицата кои ги следеле неговите деца.

Цветановски: Изјавите на Лејла Кадриу за случувањата во СЈО не се изненадување за правосудната фела

„Можеби за дел од јавноста изјавите на колешката Кадриу беа изненадување, но сигурен сум дека за правосудната фела, особено моите колеги обвинители, не. Кадриу само го потврди тоа што потајно се шпекулираше за случувањата зад затворени врати во СЈО. Сега тоа не се шпекулации, туку потврдување од сведок кој лично ги увидел состојбите“, вели обвинителот Јово Цветановски во интервју за „Република“ .

ВМРО ДПМНЕ: Не Стојановска, туку Трендафилов да одговара за злоупотреба на службено возило за приватни цели!

„Наместо да се сокрие од срамот пред македонскиот работник, претседателот на Сојузот на синдикатите Слободан Трендафилов одбра со невидена дрскост, паника и нервоза да ја напаѓа пратеничката Дафина Стојаноска, глумејќи жртва за да го прикрие сопствениот скандал. Додека лицемерно ги повикуваше пратениците да одат пешки, ‘синдикалецот’ Трендафилов истиот ден се појави на протест со службено возило, а јавноста веќе виде како тоа исто возило се користи за семејни потреби како да е негова приватна сопственост.“ – реагира пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Украл бакарни кабли вредни 200 илјади евра од градилиштето за подземниот булевар во Скопје!

Вработен во обезбедувањето на подземниот булевар во изградба кај комплексот Дајамонд во центарот на Скопје заврши со лисици на рацете. Полицијата го товари дека за еден месец украл околу два километра бакарни кабли од градилиштето за подземниот булевар. Според информацијата на МВР вредноста на украдените бакарни кабли изнесува околу 200 илјди евра.

To top