Македонија

Трети ден не се пие водата од водоводот во Свети Николе, утврдени се и микробиолошки отстапувања

Градоначалникот на Свети Николе Дејан Владев соопшти дека се пронајдени микробиолошки отстапувања во водата од водоводната мрежа, поради што се обезбедени цистерни со вода за готвење и пиење.

„При редовни неделни контроли на две мерни места низ градската водоводна мрежа, и покрај утврденото присуство на резидуал хлор од 0,4 мг/л кој е главен показател за безбедна вода за пиење, се утврдени и микробиолошки отстапувања. Се работи за примерок, земен од чешма која е на отворен простор во јавен објект, кој е непосредно до местото на дефектот, што во моментот се санира и уште еден примерок земен од внатрешна водоводна мрежа на комерцијален објект“, се наведува во соопштението од ЈКП Комуналец Свети Николе, кое го објави градоначалникот Владев.

На 10.08.2026 година се земени контролни примероци за дополнителна анализа со ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес. ЈКП Комуналец Свети Николе е во координација со Агенцијата за храна и ветеринарство(АХВ) за понатамошно постапување согласно резултатите од анализите и проценка на состојбата. За потребите на граѓаните била обезбедена вода за пиење од цистерна на 10 и на 11 август.

Претходно, ЈКП „Комуналец“ Свети Николе ги извести граѓаните дека на 11.08.2026 година, поради дефект на главната цевководна мрежа, ќе има прекин во водоснабдувањето од 07 часот наутро.

Најнови вести од: Македонија

Граѓани бараат враќање на сонцето од Кутлеш на споменикот „Судени за Македонија“

Сонцето од Кутлеш од споменикот беше избрусено во ноември 2022 година, четири години по потпишувањето на Преспанскиот договор кога Македонија презеде обврска дека ќе ја спроведе забраната за употреба на 16-кракото сонце

Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство

На средбата со унгарскиот колега, Андреш Бака, Сиљановска-Давкова се заблагодарила за принципиелната и гласна поддршка од Унгарија на македонските евроинтеграции и нејзиниот активен ангажман во рамките на „Вишеградската група“

To top