Македонија Бизнис

Трговците и производителите на храна на средба со министерот за економија – што си кажаа?!

Мерки за зашита на стандардот нма граѓаните нема, а инфлацијата стигна на 4.8 проценти. Мора да се има позитивни чекори, ако не сакаат трговците да има санкции, вели министерот за економија.

Ако нема позитивно чекори, ќе има санкции. Министерот за економија и труд рече да заврши месецот и анализите ќе кажат какви мерки ќе презема, денес вели дека прво да се види со трговците, производителите и дистрибутерите. Дурмиши вели дека ќе биде дадена крајна опомена и предупредување до нив да се однесуваат соодветно бидејќи во спротивно Владата ќе воведе ригорозни мерки. Дурмиши не прецизираше за какви мерки конкретно станува збор, ниту кога точно ќе бидат донесени.

  • Нашето барање е да дејствуваат соодветно, согласно економските трошоци што ги имаат, да не ги зголемуваат цените. Ова ќе биде крајна опомена, препорака и предупредување до нив. Во спротивно, ќе преземеме мерки кои ќе бидат ригорозни. Ако се однесуваат како претходните три месеци, ќе не доведат во ситуација да донесеме одлука што ќе биде многу построга. Нормално, ќе им излеземе во пресрет на граѓаните. Со тоа што ги викаме на средба, значи дека се подготвуваме за преземање мерки – рече Дурмиши.

Според него, инфлацијата „од трпезата премина на резервоарите“.

  • Во мај, по завршувањето на мерката, имавме инфлација во делот на храната и пијалаците од 1,1%, а во јуни 0,8%, сега е 0,3%. Значи, цените се стабилизираат. Но, денеска повторно, иако цените се стабилизираат, ќе имам состанок со сите трговци, производители и дистрибутери. Очекувам најголемите дистрибутери и трговци да дојдат. Ќе бидете известени на време кои ќе бидат нашите идни чекори и кои мерки ќе ги пеземеме. Работиме на изнаоѓање долгорочно решение за индиректно да влијаеме врз инфлацијата, а тоа е да ги поддржиме домашните производители, особено земјоделците, за подолг период. Народната банка и Министерството за финансии на подолг период треба да се борат со инфлацијата, а Министерството за економија и Министерството за земјоделство работат во делот каде што се надлежни – рече Дурмиши.

Дурмиши рече дека инфлацијата „од трпезата преминала на резервоарите“. Според него цените на храната се стабилизирале, а инфлацијата преминала во хотелските фактори, забавата, транспортот и повисоките цени на горивата.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Божиновска: Енергетиката посилен и поиновативен сектор со повеќе жени, да се искористи потенцијалот

Енергетската транзиција не е само технолошки процес, туку и длабока трансформација на работната сила, во која жените мора да имаат еднаква и видлива улога, порача денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на настан организиран во рамки на проектот ELeVATE (2025–2028), посветен на охрабрување и поддршка на девојки и жени за развој на кариера во секторите на нето-нула технологии, паметни енергетски системи и зелена транзиција.

Министри заедно со градоначалници ќе го убедуваат УНЕСКО за зачувување на статусот на Охридскиото езеро

На средбите ќе бидат потенцирани цврстите заложби на Владата за зачувување на статусот на природното и културното наследство на Охридскиот Регион. Исто така, ќе биде истакнато дека државата воспоставува систем за заштита кој гарантира зачувување на интегритетот и автентичноста на Охридскиот Регион како исклучителна универзална вредност.

To top