Македонија

Трпезата што обединува: Турската гастрономија претставена пред македонската јавност

Трпезата е најстариот јазик на заедништвото

Трпезата е најстариот јазик на заедништвото. Преку храната се пренесуваат традициите, се чуваат спомените и се поврзуваат различни култури и генерации. Турската кујна е еден од најдобрите примери за тоа. Таа е богатство создавано низ вековите, кое денес е значаен дел од културниот идентитет на Туркије и едно од најавтентичните искуства за милионите туристи што секоја година ја посетуваат земјата, а секое јадење носи дел од приказната за луѓето, обичаите и културите што се среќавале на овие простори.

Токму ова богатство на вкусови и техники беше претставено на гастрономскиот настан организиран во Скопје, каде што познатиот македонски готвач Бобан Симовски подготви специјалитети инспирирани од знаењата и искуствата стекнати за време на неговата обука во Истанбул, реализирана во рамки на иницијативата „Недела на турската кујна“.

Настанот беше организиран од Министерството за култура и туризам на Република Туркије и Канцеларијата на советникот за култура и промоција при амбасадата на Република Туркије во Скопје, а се одржа во Limak Skopje Luxury Hotel. Гостите имаа можност да дегустираат традиционални јадења во современа интерпретација, меѓу кои мезе, кое вклучуваше пинџур, сарма, ајвар, таратор, шакшука, атом со лути пиперки, хајдари и туршија, потоа бурек, но и баклава, тулумба и шеќерпаре, специјалитети кои се дел од заедничкото кулинарско наследство на Туркије и Македонија.

Преку презентација и дегустација на внимателно одбрани специјалитети, присутните имаа можност да се запознаат со приказните што стојат зад некои од најпрепознатливите јадења на турската кујна. Долмата, со своите бројни варијации низ различни култури, сведочи за заедничкиот кулинарски јазик на народите, додека бурекот е симбол на патувањето на рецептите и вкусовите низ времето и просторот. Посебно внимание привлече и баклавата, која се смета за врв на умешноста, со тенко развлеченото тесто јуфка, основа на многу препознатливи јадења од турската гастрономија.

Настанот ја истакна и подлабоката културна димензија на храната, па во таа насока беа претставени и јадења како кешкек, впишан на листата на нематеријално културно наследство на УНЕСКО, како и алвата, која е симбол на споделување, солидарност и заедништво. Во рамки на гастрономското доживување беше претставена и годинешната тема на „Неделата на турската кујна“, „Трпезата на наследството“, која ја прикажува оваа кулинарска приказна како живо културно наследство обликувано низ вековите преку миграции, ритуали и споделени животни искуства.

Иако „Неделата на турската кујна“ традиционално се одржува од 21 до 27 мај, годинава активностите продолжуваат и во текот на целата година, со цел ова наследство да биде претставено пред поширока меѓународна публика. Со својата разновидност, автентичност и способност да ги поврзе минатото и сегашноста, турската кујна останува еден од најсилните културни амбасадори на Туркије и значаен дел за искуството на посетителите од целиот свет.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски побара од Бугарија, како НАТО-партнер, да ѝ го испорача осудениот Михаилов, баран со потерница, кој се појавува на протести во Софија!

„Ние имаме потерница за тоа лице и очекувам нашите партнери да постапат соодветно на партнерството.“ – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со Симеон Михаилов. Михаилов е осуден на 12 години затвор во Македонија, но избега пред да ја отслужи казната. Тој сега се појавува на бугарски телевизии и на протести во Софија, од каде што ја брани неговата ќерка Ива Михаилова, на која ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со еден загинат.

Мицкоски: Ќе продолжиме да ги решаваме проблемите на граѓаните, затоа ја добивме довербата од нив!

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање денеска при претставување на „Градскиот воз“ истакна дека и покрај сите предизвици во Европа како наш најголем трговски партнер, сепак трендот на раст на бруто-домашниот производ се очекува да продолжи и оваа година и  да изнесува некаде меѓу 3,5 и 4% проценти.

„Н.М.“: Македонија има причина да биде во Европа, со свој идентитет и јасно дефинирани македонски интереси, но не безусловно!

Исландскиот референдум не треба да биде лекција против Европската Унија, туку лекција за самодоверба во преговорите. Исланѓаните не рекоа: „ЕУ не ни треба“. Тие рекоа: „Ние ќе одлучиме кога, како и под кои услови ќе разговараме за нашата иднина“. Тоа е демократска зрелост. И токму таква зрелост ѝ треба на Македонија. Не да му каже „не“ на Брисел. Но ниту автоматски да кажува „да“ на секое барање. Туку да научи да кажува: „Ова е нашиот интерес. Ова можеме да го прифатиме. За ова можеме да преговараме. А ова не можеме да го прифатиме“. И тоа да го каже аргументирано, мирно и европски. Ова се нагласува во анализата со наслов „Македонија има причина да биде во Европа, но како своја и со својот изворен идентитет и карактер“, која е објавенма денес „Нова Македонија“.

To top