Македонија

Црногорец изигрувал „Фанџо“ на македонски автопат

И тоа на место каде што со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час

Црногорски државјанин бил лишен од слобода откако на автопатот А1 кај селото Милетково, гевгелиско, возел со брзина од 205 километри на час.

Изигрувал возч на формула во стилот на легендарниот Фанџо 

„Полициските службеници констатирале дека Д.Б. управувал патничко возило ‘БМВ’ со црногорски регистарски ознаки со брзина од 205 километри на час, на место каде што со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час“, соопшти МВР.

За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а против возачот е поднесена соодветна пријава.

Најнови вести од: Македонија

Охридското езеро денеска порибено со 100 илјади единки охридска пастрмка – во 2027 со уште 1 милион и 550 илјади

Охридското Езеро денеска ќе биде порибено со сто илјади единки охридска пастрмка, подмладок со просечна тежина од 4,2 грама, со што ќе биде заокружено порибувањето за оваа година – соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски при посетата на Хидробиолошкиот институт во Охрид. Тој оцени дека досегашните резултати во обновувањето на популацијата на […]

ВМРО ДПМНЕ за случајот „Михаилова“: Како може невролог да дава мислење за хирургиски зафат во Бугарија?!

ВМРО-ДПМНЕ упати обвинувања до докторот Барбов, Венко Филипче и Зоран Заев во врска со случајот со Ива Михаилова, барајќи одговори за медицинските постапки и одлуката за нејзино лекување во Бугарија.

Мицкоски: Се градат два гасоводни интерконектора, со тоа ќе се зголеми драматично геостратегиското значење на Македонија!

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговори на новинарско прашање во однос на гасификацијата до каде е процесот, којa ќе биде користа за граѓаните и кога може да се очекува да заврши.

Најнови вести

To top