Македонија

Туфегџиќ ги прозва јавните обвинители

Ќе го направам тоа не само заради себе, туку и заради сите идни случаи и постапки“, изјави за „ТВ24“ адвокатот

 

Адвокатот Владимир Туфегџиќ изјави дека откако одлуката ќе стане правосилна, јавните обвинители на сите нивоа ќе бидат одговорни за обвинението против таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.

„Според мене, далеку сме од крајот на оваа одлука, ќе имаме жалба. Секако, ќе се бара одговорност, тоа е сигурно, ќе се бара на сите нивоа, и во таа смисла и насока, не знам како ќе постапи Јавното обвинителство.

Она што ќе ми ја одржи чиста совеста во овој случај е дека во текот на месец јули ќе доставам информации до републичкиот јавен обвинител за целиот тек на оваа постапка со барање да се спроведе истрага според точките и доказите што ќе бидат наведени, а за овој случај би ставил крај на тоа, а би оставил на совеста на државниот јавен обвинител дали ќе го прочита.

Ќе го направам тоа не само заради себе, туку и заради сите идни случаи и постапки“, изјави за „ТВ24“ Туфегџиќ, кој е адвокат на Ѓорчевски.

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top