Македонија

Уапсен лажен лекар кај кој биле пронајдени 15.000 евра

Лишен од слобода струмичанец поради измами со лажните лекари и сообраќајки, кај него пронајдени над 15.000 евра

На 07.02.2026 во 12:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода О.В.(38) од Струмица. Тој се сомничи дека на 06.02. и 07.02.2025 година во два наврати учествувал во извршување на кривични дела измами, каде оштетени се 84-годишна и 68-годишна жителка на Струмица, а во еден случај во обид да биде измамена 77-годишна жителка на Струмица.

Имено, откако едно лице им се јавувало на фиксни телефонски броеви на пријавителките и претставувајќи се како медицинско лице успеало да измами две жителки на Струмица да дадат пари, кои наводно биле за операции на нивна ќерка или снаа, О.В. одел на локациите кои телефонски му ги кажувало лицето и ги преземал парите од жртвите. При лишувањето од слобода, кај О.В. се пронајдени 15.150 евра и 50 франци, кои ги стекнал при вршење на кривичните дела.

Тој е задржан во Полициската станица Струмица и во службен разговор го признал начинот на кој ги вршел делата. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава. СВР Струмица уште еднаш апелира до граѓаните да бидат исклучително внимателни во комуникација со непознати лица, која се врши по телефонски пат, да не наседнуваат на измами, да ги проверуваат податоците кои им се пласираат во телефонската комуникација, да не даваат пари на непознати лица и сите сомнителни случаи да ги пријават во полиција.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top