Македонија

Уапсен поранешен министер и поранешни функционери

Од Министерството за внатрешни работи ја потврдија и оваа акција, но повеќе детали најавија по нејзиното завршување.

Утрово, полицијата спровела неколку рации во Куманово во кои уапсени се поранешни високи функционери поради сомнение за злоупотреба на службена должност.
Медиумите, повикувајќи се на полициски извори велат дека се уапсени поранешниот министер за земјоделство Трајан Димковски и поранешниот директор на НП Агро-берза Ниметула Рамадани, како и уште еден функционер од ова министерство, кои се приведуваат под полициска придружба во полициската станица Гази Баба во Скопјe.

-Во тек е полициска акција на подрачје на Куманово поради сомнение за злоупотреба на службена должност. Се вршат претреси на неколку локации. Повеќе информации по завршување на акцијата, информираат од МВР.

Нетпрес

Најнови вести од: Македонија

Македонската култура во фокусот на 35. Меѓународен саем на книгата во Абу Даби

Во рамки на програмата „Балканска култура – почесен гостин“, Македонија на посетителите им претставува дел од своето богато и повеќеслојно културно наследство, како и современата книжевна продукција

Модернизиран команден центар, „Безбеден град“ ставен во функција во Велес

Новиот команден центар е сместен во целосно реконструирани и реновирани простории кои во минатото биле користени од Министерството за одбрана, а потоа околу 15 до 20 години не биле во употреба. Со нивното ставање во функција, СВР Велес добива современ простор од кој се реализираат активностите поврзани со системот „Безбеден град“

To top